Изнесување на чесното дрво на Животворниот Кpcт Господов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените. Во обете војни во војските се носени крстови од кои заблескале небесни лачи.

Затоа беше востановено на 1. август да се изнесува Крстот од Света Софија, најпрво на средината на црквата, а потоа и на улиците, заради поклонение на народот и заради споменот на чудотворната помош на крстот во претходните војни. Ова не беше некој обичен крст туку вистинскиот Чесен Крст, којшто се чуваше во храмот на царскиот дворец. На 31. јули Чесниот Крст е пренесуван од царскиот дворец во Света Софија, а оттаму потоа носен по улиците заради осветување на земјата и воздухот. Најпосле, на 14. август, беше повторно вратен во храмот на царскиот дворец.

Од денес за православните верници започнува Богородичниот пост по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, кој се одбележува на 28-ми август.
Сите ние што сме удостоени да се именуваме со најсветото име, христијани, повикани сме да одиме по оној божествен пат што некогаш го поминал нашиот најмил Спасител. Христос, нашиот Бог, Творецот на сите твари, Украсот и Пофалбата на ангелите, доброволно се понижил и лишил од Својата неизмерна слава, за нас да нѐ возвиши. Затоа да ја засакаме и ние Христовата сиромаштија, та да се збогатиме преку неа духовно.

Да го возљубиме прекрасниот пост, зашто е дело подарено од Бога. Ете, дури и самата Мајка Божја, преблагословената Дева Марија, иако немала потреба од пост, бидејќи чиста и непорочна, Таа, сепак, пред Своето сечесно Успение, се подвизувала и постела поради нас, молејќи се за нашето спасение. И можеме ли да не бидеме благодарни за таа Нејзина безгранична грижа и мајчинска љубов кон нас, грешните и недостојните чеда!?

Затоа богомудрата православна Црква го одредила светиот Богородичен пост, како еден благодарствен подвиг од љубов кон човекољубивиот Христос и Неговата премилостива Мајка, подвиг во кој верните, со срца очистени од блаженото воздржание, принесуваат молитви и славословија кон Бога и Богородица, и се обновуваат со силата што ја носи причестувањето со светите Христови Тајни. Постејќи за Успението на Мајката Божја, ние всушност постиме и за Преображението на Господа Исуса Христа, зашто, според зборовите на св.

Симеон Солунски, „неопходно е да си споменуваме за овие два празника, едниот – како таков што ни дава осветување, а другиот – како смилостивување и посредништво за нас“. А колку само премудро е устроено сето тоа! Ете, на самиот почеток на посното патување, светите и богоносни отци го востановиле изнесувањето на чесниот крст, кој е оружје против силата на непријателот, сила на немоќните, радост на христијаните, величие на Црквата, чест за верните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This