Илиевски за пpecyдата за Панчевски: Ова се вика преки cyд, пpecyдата е донесена уште пред да почне процесот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова се вика преки суд, пресудата е донесена уште пред да почне процесот, реагира Богдан Илиевски за пресудата за поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, донесена по повеќе од деветчасовно рочиште.

Утринава имаше сведок во постапката! Значи беше одржано рочиште на кое сведочеше сведок. Сведочење кое треба да се сослуша, анализира, компарира со други сведоштва и материјални докази. Ама не… ова е Македонија.

Веднаш по сведокот денес имало и завршни зборови во кои страните ги сублимираат сведочењата и доказите според кои судот треба да анализира и донесе пресуда. АМА НЕ, ова е Македонија.

Доцна вечерва била донесена пресуда.

Ова се вика преки суд. Постапката е само шарада, про-форма, ради-реда. Пресудата е донесена уште пред да почне процесот. Нема потреба судијата да анализира и размислува, „размислено е“. Немало потреба да сведочи никој, особено не сведокот денес. Немало потреба ни од завршни зборови – од ништо.

Имало потреба само да се донесе пресудата, без оглед на околностите и фактите.

За ова се боревте, пишува Илиевски.

Утринава имаше сведок во постапката! Значи беше одржано рочиште на кое сведочеше сведок. Сведочење кое треба да се…

Posted by Богдан Илиевски on Tuesday, August 4, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This