ИМАМ ПОПАМЕТНИ РАБОТИ ОТКОЛКУ ДА СЛУШАМ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА АФЕРИТЕ НА ДОНАЛД, ВЕЛИ МЕЛАНИЈА ТРАМП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меланија Трамп ги отфрли шпекулациите за нејзината брачна состојба и кажа дека не обрнува внимание на наводните вонбрачни афери на нејзиниот сопруг, затоа што има попаметна работа.

Во интервјуто за Еј-Би-Си, првата дама на САД призна дека шпекулациите што ги слуша за нејзиниот брак не се пријатни. Запрашана дали го сака Доналд Трамп, таа кажа:

„Да, ние сме во ред“.

Порно-ѕвездата Сторми Даниелс и поранешната „Плејбој“ зајачица Керен Мекдугал се жените кои јавно зборуваа дека имале секс со Трамп и дека биле платени да молчат за тоа. Трамп ги негира овие афери.

„Го сакам мојот сопруг. Медиумите понекогаш лошо ја претставуваат нашата врска. Што пишуваат тие, не е моја грижа. Јас сум мајка и прва дама и имам многу поважни работи да правам. Знам добро што е точно, а што не е точно“, изјави таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This