ИМА ЛИ ЗЛОУПОТРЕБА НА АКМИС СИСТЕМОТ: АКМИС-от заглави на Кацарска – Сите предмети против екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ и 27 април ги води судијката Кацарска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корупцијата во судството од ден на ден е се по очигледна, а во прилог на тоа оди и фактот што АКМИСОТ, односно електронскиот систем за распределба на предмети заглави на судијката Кацарска. Да не беше трагично ќе беше комично како сите предмети за поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и предметот 27 април впрочем заглавија, односно ги доби судијката Добрила Кацарска.

И по Кацарска, Кацарска, да потсетиме дека само неколку дена пред магично предметот за 27 април да падне во рацете на Добрила, медиумите блиски до власта веќе најавија дека ќе им суди на обвинетите за настаните од собранието. Токму ваквата едуцирана претпоставка на провладините медиуми се оствари, а денеска беше одржано првото рочиште за 27 април.

Имено Кацарска наводно го добила предметот преку електронскиот систем за распределба на предмети,а токму самата таа минатата година во гостување на телевизија Телма посочи дека во Кривичниот суд се делеле предмети рачно, а не според електронскиот систем на избор. Очигледно е дека судството е под целосна контрола на СДСМ и Зоран Заев и служи единствено за пресметка со политичките противници на власта.

Прибе е нарачка, системот за распределување на предмети во судот разбиен, целта е да се осудат на затвор сите кои можат да го спречат разобличувањето на македонската држава, токму пред референдумот на кој македонскиот народ треба да се самоукине.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This