Им тeкнa: CЗO oтвopa цeнтap зa paнo пpeдyпpeдyвaњe зa пaндeмиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација денеска во Берлин ќе отвори центар за рано предупредување за пандемија, со цел борба против идни евентуални пандемии.

Новиот глобален центар на СЗО за пандемиски и епидемиски податоци (Hub for Pandemic and Epidemic Intelligence) „ќе ги собере партнерите од целиот свет за да соработуваат и ќе создадат податоци и алатки кои им се потребни на сите земји за да се подготват, откријат и да одговорат на пандемиски и епидемиски ризици“, нагласи СЗО.

Центарот ќе го отворат првиот човек на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус и германската канцеларка Ангела Меркел.

Здравствените експерти веруваат дека по Ковид-19, појавата на нова пандемија е само прашање на време и затоа предупредувачките знаци мора систематски да се следат со цел ран и силен одговор.

Кога беше донесена одлуката за основање на центарот во мај, Меркел рече дека „податоците се важна основа за борба против идните пандемии“. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This