ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ВО МАКЕДОНИЈА: Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидува инвестициски бум во патната инфраструктура!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Завршување на изградбата на трите нови автопати, изградба на 6 нови експресни патишта, изградба и реконструкција на над 50 регионални патишта, како и изградба и реконструкција на локални патишта во кои че се инвестираат 30 милиони евра се дел од проектите во програмата на ВМРо-ДПМНЕ која ја презентираше лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.

FoNet/AP-POLITIKA-MITING

-Во делот на инфраструктурата ќе продолжиме и ќе ја завршиме изградбата на трите нови автопати, Демир Капија – Смоквица, Скопје – Штип и Кичево – Охрид. Ќе се продолжи и ќе се заврши и со обновата на автопатите Смоквица – Гевгелија, Куманово – Скопје, Неготино – Демир Капија, и ќе се отпочне и со обновата на автопатот Велес-Градско. Ќе започнеме со изградба на уште три нови автопати, од Гостивар до Кичево, од Скопје до Блаце и од Требеништа до Струга, рече Груевски на промоцијата на програмата.

Во делот на експресните патишта, Груевски рече дека ќе изградат 6 нови експресни патишта од кои дел веќе почнаа да се градат, а поголем дел треба наскоро да почнат.

-Експресни патишта значи патишта кои имаат стандарди како автопат, но имаат 4 ленти, немаат 6 ленти, сите други стандарди во однос на степени на кривини, угорници, надолници се како стандарди за автопат. За 3 вакви експресни патишта веќе е распишана постапка за градба, за Ранковце – Крива Паланка, Штип – Радовиш и Штип Кочани, а во наредниот период ќе отпочпнеме со градба на потегот Охрид – Пештани и Битола – Жабени – Меџитлија, заедно со обнова и проширување на влезовите во градот Битола. Ќе продолжи и ќе заврши изградбата на експресниот пат од Градско кон Прилеп, таа е веќе започната и на терен се работи. Тоа е околу експресните патиштаа, шест нови експресни патишта, рече Груевски.

Тој нагласи дека ќе изградат и реконструираат над 60 регионални патишта, во вредност од над 140 милиони евра.

-Меѓу кои и Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Бошков мост – Дебар, Мелнички Мост – Центар Жупа, Битола – Ресен – Буково, Гостивар – Кичево, Македонски Брод – Скопје, Припор – Сопиште,Крива Паланка – Македонска каменица, Пробиштип – Пониква, Кичево – Дебар, Крива Паланка – Деве Баир, Струмица – Попчево -Белотино – Рич – Конче, Карбинци – Зрновци – Виница, Гевгелија -Богданци – Фурка, Струмица – Ново Село, Кривогаштани – Крушево, Маврово – Жировница, Штип – Радовиш, Неготино – Кавадарци, Битола – Демир Хисар, Куманово – Свети Николе, Берово – Виница, и повеќе други, рече Груевски.

Лидерот на владејачката партија подвлече дека еден дел од овие кои што ги спомена се веќе почнати да се реконструираат, а поголем дел се планираат во четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ 2017 – 2020. За изградбата и реконструкција на локални патишта, рече Груевски, ќе инвестираат 30 милиони евра и ќе се изградат огромен број на локални патишта.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This