Институт за демократија: Во Собpaнието нема ни Д од дебата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците повеќе се осврнуваат кон разгледување на личноста на соговорниците отколку кон нивните аргументи, маргинализираните групи не наоѓаат место во дискусиите, а во периодот е одржана само една седница за пратенички прашања
Дебатата во Собранието не ја добива ни минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, констатираат од Институтот за демократија во Извештајот од мониторингот од август до декември лани
На скала од 1 (најниска) до 10 (највисока), дебатата во Собранието за периодот од август до декември е оценета со 5.5, што е пониска во споредба со претходните периоди на набљудување, за кои оценката за нејзиниот квалитет беше од 6 до 6.3.

Дебатата во Собранието не ја добива ни минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, констатираат од Институтот за демократија во Извештајот од мониторингот, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

„Извештајот го потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во последните две години и заклучокот дека постои значителен простор за подобрување“,

оценуваат од Институтот за демократија.
Лични квалификации наместо аргументи
Анализата покажала поголема активност на пратениците од опозицијата, кои учествувале во 61 отсто од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 39 отсто.
Најчесто за збор се јавувал и најдолго на пратеничката говорница говорел Бојан Стојаноски, а на листата на 10 најактивни пратеници се Гордана Сиљановска Давкова, Дафина Стојаноска и Жаклина Лазаревска.

Значителен пад има и во аргументирањето во споредба со минатиот период, при што говорниците во 44 отсто од нивните излагања биле без аргументи, или со слабо аргументација (45%).
Во само 11 отсто од дискусијата имало еден или повеќе аргументи, што е огромен пад во споредба со 29 отсто во претходниот период на набљудување.

„Пратениците повеќе се осврнуваат кон разгледување на личноста на соговорниците отколку кон нивните аргументи. Во 16 отсто од излагањата, при што во 26 отсто од дискусијата искажале непочитување или делумно непочитување кон аргументите. Почитување или делумно почитување кон нивната личноста искажале во 32 отсто, додека непочитување или делумно непочитување искажале во 20 отсто од дискусијата“,

се вели во Извештајот.
Во извештајот се потенцира и „константно нискиот осврт на пратениците кон правата на маргинализираните групи“, при што во над 93 отсто од нивната дискусија не се осврнуваат кон правата на маргинализираните групи, доколку специфично не се дискутира за одреден закон или тема на дневен ред поврзано за нивните права.
„Слично со претходниот период (јули – декември 2019), ниедна маргинализирана група не е застапена повеќе од 3 отсто во дискусиите“,

констатираат од Институтот за демократија од Скопје.
Во периодото на мониторинг е одржана само една седница за пратенички прашања.

Мониторингот кој Институтот за демократија од Скопје го прави од јуни 2014 година, се фокусира на дискусиите кои се однесуваат на точки од собранискиот дневен ред кои спаѓаат во областите на владеење на право, човековите права и демократија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This