March 28, 2024, 11:32 pm

ИНТЕРВЈУ НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЗА СПУТНИК: Сите во Македонија пеат „НАТО, НАТО ти си мое злато!“

Поврзано

- Advertisement -
© AP Photo/ Boris Grdanoski
- Advertisement -

Членството во НАТО е како да имате работа со лихвари – вие плаќате еден дел, тие имаат ново барање, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој смета дека би било најдобро целиот регион да биде воено неутрален.

Бил министер за економија, па министер за труд и социјална политика во две влади, а некогаш и втор човек во СДС, во време кога на негово чело беше Бранко Црвенковски, пишува Спутник. Партијата ГРОМ која ја основаше во 2013, на изборите во 2014.доби еден, а на последните избори два мандати во Собранието. Во коалиција е со ВМРО-ДПМНЕ и е актуелен градоначалник на општината Карпош. Во разговор со Спутник Јакимовски објаснува зошто во Македонија се зборува за стопирање на руското влијание на Балканот, но и зошто опциите како неговата парија кои се залагаат за подобра соработка со Русија во Македонија не поминуваат баш најдобро.

„Створена е антируска хистерија, русофобија која ја произведуваат медиумите кои се под контрола на САД. „Фенси“ е кога се зборува против Русите, кога се зборува дека треба да се прекине руското влијание на Балканот, особено во Македонија. А совен 17 бензински пумпи, еден рудник и нашиот европски шампион Вардар, чиј сопственик е Русин, и руската амбасада, ние немаме ништо друго руско во Македонија. Нашето пријателство со Американците никој не го гледа објективно и критички. Американците доаѓаат и кажуваат ако нешто не им се допаѓа, дека им ги нарушуваме националните интереси на САД. Веројатно ние треба да мислиме прво на нашите интереси. Немаме доволно други, помали политички партии, но интересно е дека граѓаните во Македонија во мнозинство тоа го оправдуваат и не го оправдуваат поданичкиот однос кој нашата влада го има, да бидеме слуги на американската политика. Мене ми е жал што во Македонија се ствара некое антисрпско сценарио кое некој друг го пишува. Ние мораме да имаме добри односи и со Албанците на Косово, во Албанија, и со Бугарите и со Србите. Не можеме да правиме непринципиелни коалиции на штета на добрите односи со соседните држави“.

 

Кој го прави тоа антисрпско расположение?

– Ова што се случи со вашата амбасада воопшто не е наивна работа. Се виде дека некој поголем и од Србија и од Македонија тоа брзо го стиша и дека – не сме наивни – тоа беше сериозен упад во српскиот безбедносен систем во кој влијане имале и македонските разузнавачки служби. Тоа е недопустливо. Не верувам дека тоа Македонија сама го правела, веројатно тоа било по нечиј налог. Она што нам ни смета е што особено мојата партија не го сака, е да биде извршител на валкани работи, без обзир на тоа за кого се работи, колку тој бил посилен и поголем. Мораме да водиме сметка дека и утре треба да живееме со нашите комшии.

 

Мора ли Македонија во НАТО?

– Сега во Македонија сите пеат „НАТ, НАТО, ти си мое злато“, а што правиме кога ќе ни ги испратат првите неколку сандаци, не дај боже, на загинати војници? Бидејќи кога ќе влеземе во НАТО, тоа значи дека ние треба да бидеме во првите борбени редови, да бидеме таму каде што се војува. Америка секогаш некаде дели правда. Сите пеат, а мнозинството на граѓаните не знаат што тоа значи. Не знаат ни дека секоја година треба да издвојуваме два отсто од нашиот буџет, што е околу 160 милиони евра. И не само што треба да даваме пари за членство во НАТО туку треба и да ја вооружуваме нашата армија секоја година. За четири години треба да издвоиме милијарда евра. Длабоко сум убеден дека за сите нас тука на Балканот би било најдобро Македонија, Косово, Србија па веројатно и Босна, да бидат воено неутрални, и тоа би било добро за траен мир, бидејќи членството во НАТО не значи дека нема да имаме проблеми. Турција е членка на НАТО, па видете што се случи.

Не може некој нам да ни кажува дека НАТО не знаело дека се спрема убиство на претседателот Ердоган. Имаа нереди. Официјалните турски власти се сомневаат дека во тоа е вмешана и НАТО структура и Америка. Тоа е поразувачки факт. Членството во НАТО е како да имате работа со лихвари – вие плаќате еден дел, тие имаат нови барања, ќе го платите и другиот дел и постојано морате да плаќате нови камати. За целиот регион најдобро е да биде воено неутрален.

 

Зошто на Македонија и е толку важно пријателството со Америка и што тоа и донесе на земјата? Да го споменеме само јазикот за двојазичност кон кој се цели, а со кој многу Македонци не се воодушевени

– Не е само јазикот за двојазичност. Тука е и оној договор, далеку поопасен за Македонија, за добрососедски односи со Бугарија и, што е најстрашно тој ќе биде верификуван во ОН и ќе има меѓународни правни последици. Во тој договор не постои македонско национално малцинство во Бугарија, македонски јазик, македонска нација. Се од нашите учебници, од нашата историја мора да се избрише – и она што Бугарската фашистичка армија го правела, сите злодела за време на Втората светска војна. Тој договор е крајно едностран. Практично, Македонската држава и македонскиот народ ништо не добиваат од тој договор. Таму се споменува македонски јазик само како уставна категорија. Дали тоа значи дека додека немавме Устав, немавме ниту јазик?

Тоа е еден сериозен удар на нашиот национален идентитет и националните интереси, и нормално дека сето тоа без асистенција на САД и некои од европските земји кои тоа го поддржуваат, а ја охрабруваат нашата Влада да го променат името за да влеземе во Европска Унија.

 

A што се однесува на законот за двојазичност?

– Мојата партија не е против проширување на правата на националните малцинста во Македонија, но тоа мора да биде на основа на широк политички консензус. Се друго е политички инженеринг кој нема да донесе добро на никого.

Како ги гледате односите со Албанците?

– Потпретседателката на нашата партија е жена, Албанка. Ние сме граѓанска партија без предрасуди. Имаме доста Роми во нашата партија, Срби, Власи, имаме дури и Хрвати.

Од колкаво значење се претстојните локални избори во Македонија, со обзир на кризата која само што помина?

– Не мислам дкеа во Македонија кризата помина, само некој се обиде тоа временски да го премости. Во светот се води, по мое мислење, трета светска војна но на информативен план, така да тоа е голема битка, голема војна помеѓу лагата и вистината. За жал, засега лагата е посилна и тука предничат медиумите кои ги контролира САД. Сетоа тоа буквално се пренесе во нашата држава, имаме војна помеѓу лагата и вистината. Очекуваме дека тоа ќе се случи и на овие локални избори. Во мојата општина се соочуваме со континиурани напади и црна кампања, со негативна кампања, со лаги кои се шират во врска со мене. Секој ден слушате лаги, а во тоа учествуваат и невладините организации. Затоа овие избори се позначајни од оние минатата година.

Локалните избори се позначајни од парламентарните?

– Да, бидејќи треба да ја расчистат ситуацијата во македонскиот и албанскиот блок. Дали ДУИ ќе успее да се одржи како главна владеачка албанска партија или местото ќе го завземе БЕСА и Алијанса. Дали ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане водечка патија? На миниатите избори за малку не успеа да однесе голема победа и покрај оној инженериг со албанските гласови. Веројатно тоа и сега ќе се случува. Ако ВМРО и коалицијата, на која и јас припаѓам, земе еден глас повеќе, тоа ќе значи дека ќе мораме да одиме на предвремени парламентарни избори. Ќе биде појасно дали ВМРО и нејзината коалиција брзо ќе се врати на власт или и понатаму ќе биде опозиција.

Што би се менувало во политиката во Македонија доколку ВМРО се врати на власт?

– Во однос на надворешната политика, милсам дека промени нема да има, бидејќи досега овие две партии, владеачката па и опозициската, беа НАТО и проамерикански ориентирани. Освен мојата партија, ГРОМ, нема друга партија во Македонија која заговара Македонија да биде воено неутрална зона и да не припаѓа на ниту еден блок, а дека треба да биде членка на ЕУ.

Дали ВМРО ја научи лекцијата од претходните избори?

– Доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт, треба да научи од она што се случуваше минатата година – да пази како ги троши парите, да работи само на она што граѓаните на Македонија го бараат, а тоа значи да се прават инфраструктурни проекти, малку повеќе да се пази на социјалата. Мора малку повеќе да се води сметка и за надворешната политика и внатрешните работи затоа што мислам дека таа влада премногу мислеше на подигнување на економскиот стандард, странските инвестиции, а малку ја заостави надворешната политика, но и внатрешните односи, а она што нам ни се случи со „бомбит“, прислушкуваните материја, е голем пропуст на нашите безбедносни служби.

Започнавте соработка со Единствена Русија. Какви се понатамошните планови?

– Планираме да ја шириме таа соработка. Од 2. до 5. октомври нашиот генерален секретар и потпретседател на партијата одат во Чеченија на состанок кој го организира Единствена Русија. Ќе биде одржана средба и со господинот Кадиров, претседателот на Чеченија.

Доколку Вашата партија дојде на власт, како би се поставиле кон прашањето за членството на Косово во УНЕСКО?

– Мислам дека Македонија треба добро да размисли пред донесување на таква одлука. Мораме да градиме еднакво добри односи и со Косово и со Србија.

Тања Трикиќ
Спутник

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This