ИНТЕР И РОМА СПРЕМААТ ГОЛЕМА ТРАМПА: Повредата на Заниоло предизвика раководството да почне да бара замена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите во Рома се зaгpижeни поради тeшкaтa пoвpeдa на Заниоло за кого сезоната е завршена, па раководството веќе почна да бара замена.

Прва мeтa е играчот на Интер и италијански репрезентативец Матео Политано, кој не е во плановите на Антонио Конте.

Политано е на излезна врата од Интер и Рома сака да ја искористи таквата шанса за да го донесе на „Олимпико“, и сака да ја победи конкуренцијата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба се во напредни преговори и наскоро можат да договорат голема трампа.

Политано ќе заврши во Рома, а Интер за возврат ќе го добие левиот бек Спинацола, кој ова лето пристигна во Рим од Јувентус.

Конте е во потрага по засилување на левата бековска позиција и смета дека Спинацола идеално ќе се вклопи во неговата формација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This