March 28, 2024, 10:03 pm

Интepпол се вклучи во потpaгата по Mиjaлков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-За екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков,попладнево е распишана меѓународна потерница што значи дека во потргата се вклучува и Интерпол. МВР и 24 часа откако го загубија визуелниот контакт и не успеаа да му го врачат решението за куќен притвор без официјална информација како се случил пропусот и кој е одговорен.

Од Обвинителството се огласија со соопштение во кое стои дека тие во петокот кога беше одржано рочиште во судот каде беа дадени завршни зборовинемале информации дека се подготвувабегство. Првите индиции ги добиле во саботата а вчера двајцата обвинители кои го водат предметот „Тврдина – таргет“, Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов,каде Мијалков е првообвинет а се однесува на масовното нелегално прислушување на граѓани, новинари, политичари и бизнисмени дошле во судот со барање за притвор во истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари. СПоред обвинителството, МВР тврдено дека има визулене контак со Мијалков и дека не е во бегство.

Кој е кртот кој му дојавил на Мијалков допрва ќе се утврдува а од Обвинителството најавуваат дека тој ќе се гони за помагање.

Она што е познато е дека Мијалков последен пат е виден вчера во кафе барот „Дисктрикт“ кој е дел од хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје чиј сопственик е токму тој. Во кафулето бил со екс градоначалникот Ивица Коневски и нешто пред 15 часот го наушта локалот и тргна кон неговиот дом кај комплексот „Панорама“ на Водно. Оттогаш му се губи секаков траг.

Нешто по 19 часот полциијата тропа на неговата врата за да му го врачи решението за куќен притвор со 24-часовен електронски и видео надзор. Мијалков не е во својата куќа. Почниуваат претреси на уште две локации, во хотелот „Мериот“ и во стан во населбата Капиштец но без успех.

Бегството на Мијалков предизвика бурни реакции во јавноста која бара одговорност а тоа е и ставот на премиерот Заев и претседателот Пендаровски.

Во петок, во скопскиот Кривичен суд,ќе се соопшти пресудата за случајот „Таргет-тврдина“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This