March 29, 2024, 10:32 am

ИСИС ИМА ПОГОЛЕМ БУЏЕТ ОД ПОВЕЌЕТО ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ: ИСИС е најбогатата терористичка организација на сите времиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Терористичката група “Даеш” (ИСИС) може да поседува милијарди евра инвестирани во легитимни бизниси во различни земји, објавија француските медиуми во средата.

Претставниците на повеќе од 70 земји се собраа во францускиот главен град за да разговараат за борбата против финансирањето на тероризмот на дводневната меѓународна конференција “Нема пари за тероризмот”, која започна во средата.

Според радиото Радио Европа 1, раководството на Даеш може да поседува околу 3 милијарди евра (преку 3,6 милијарди долари) поради експлоатација на нафта од окупираните територии на Ирак и Сирија, како и преку различни парични казни што им се наметнати на членовите на терористичката организација. Акумулираните средства беа инвестирани во рибарските фарми во Ирак, како и во други проекти во Турција и Блискиот Исток.

Во последниве години, Даеш освои големи делови од земјите на Блискиот Исток, првенствено од Ирак и Сирија, и прогласи калифат. Денес, терористите се протерани од огромното мнозинство населени места и територии што ги окупираат. За време на окупацијата на териториите од Блискиот Исток, Даеш воспостави контрола врз голем дел од локално производство на жито, памук и нафта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This