March 28, 2024, 12:06 pm

ИСТОРИСКИ ГОВОР НА МИЦКОСКИ ПРЕД ВЛАДАТА: Што е животот без Македонија? Ништо, дрво без корен.Се да имаме, ако Македонија ја немаме, ништо немаме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добровечер Македонијо, добравечер вистинска, горда, достоинствена и честита Македонијо. Добровечер и добредојдовте на овој величенствен ден кога им кажуваме на овие спроти нас дека на 21 Април, а потоа на 5 Мај победува Македонија и професорката Гордана Силјановска Давкова заедно со народот.

Добровечер Скопје. Велеше не распишувал предвремени парламентарни избори, затоашто ќе не прекршел, епа види дали ќе не прекршиш или ќе бидеш прекршен најпрвин на 21 Април, а потоа и на 5 мај се разбира крајот ќе дојде на предремените парламентарни избори господине Заев. Македонија е разбудена, Македонија е на нозе во сите градови и села, сите маала, улици, сите населени места. Oд Куманово до Гевгелија, од Дебар до Делчево, цело Скопје, од верното Ѓорче Петров, мојот роден Карпош, Центар, Чаир, Аеродром, тврдокорната Гази Баба, Бутел, секогаш бунтовната Кисела Вода, непобедливите Илинден, Петровец, Сопиште, тука е Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Гостивар, Тетово, Битола, Охрид, Кичево, Струга, Куманово, цела Македонија е овде. Македонија е на нозе и Македонија е подготвена да победи браѓа и сестри, добри луѓе. Македонија ја носи промената, промената која ќе донесе правда над неправдите, ќе донесе надеж поразуввајќи ја безнадежноста, ова вечерва пред Владата на историскиот најмасовен митинг го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Бајракот на победата се вее гордо високо. И овде пред мене, јас не гледам “сурати” како што бу кажал еден човек којшто сака има втора желба да биде претседател. А со него се слагаат овие внатре, скриени во овие згради овде кои сега се со начулени уши, туку да чујат, убаво да чујат, дека овде и насекаде во Македонија каде што бев и допрва ќе одиме има горд и убав народ, убави лица кои ја носат ведрината која е потребна на нашата земја, кои знаат дека за Македонија оди напред потребна е казна за сите неправди, за сите грешни политики, и кога прашањето е Македонија, одговорот е народот, народот на оваа земја се вика македонски народ којшто си ја сака Македонија. Скопје секогаш на пролет мириса на липи, но оваа пролет има и еден друг мирис, многу интензивен, многу продорен, мириса на победа, победаа, победааа над Заевизмот во Република Македонија.

Заевизмот кој како диво месо го гуши секој еден граѓанин. А ќе победиме добри луѓе само заедно, еден до друг, обединети, во коалиција со народот. Не она коалиција во скап луксузен хотел, најголемата коалиција во независна Македонија. Ова е најголемата коалиција, коалицијата со наордот којшто ќе победи на 21 Април, а потоа и на 5 Мај. Ова е најголемата коалиција. Пред помалку од една година, на мојот прв голем митинг како претседател на најголемата политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ одовде порачав дека незнам дали ќе успеам не бев сигурен дали навистина ќе успеам , но дека е важно секој да верува во себе. Речиси една година потоа еве ме овде повторно стојам пред вас и го имам одговорот.
Вие вечерва ми помогнавте , успеавме заедно драги браќа и сестри, добри луѓе. Успеавме затоа што верувате во себе овие избори исе шанса да се избориме, за нас, за вас, за вашите деца, за вашите пријатели, за заедничка иднина и надеж. Ова е борба за нашата татковина. Затоа што не наведнавме глава кога беше најтешко, а тогаш човек минува низ страдања и искушенија кои се кршат на неговиот грб, но ние македонците имаме пркост која победува неправди големи како планини, но и љубов кон нашата земја поголема од се друго. Таа љубов не исправа на правиот пат колку и тој да е тежок, колку и да калив и колку и да е темен, потенцира Мицкоски.

Тој додава дека ние ја имаме таа судбина одново и одново да ги преживуваме сите тешки бремиња опишани од нашите големи имиња од минатото. Овој тежок живот денес го живее секој еден човек. А поминав илјадници километри низ нашата земја, не сретнав човек што се пофали, човек кој рече добро живеам, зошто живот откако дојдоа овие овде нема. Животот којшто го ветија пекол се претвори овде во Македонија.

-Пред извесно време бев во Свети Николе, дојде една стара жена од едно Светиниколско село, ми вели знаеш синко нашето село секогаш било напаѓано во минатото од многу војски, нашите никогаш немаа шанса да победат, ама се бореа, пукаа, гинеа, ама даваа отпор, затоа што знаеа дека ќе чукне часот, ќе дојде денот кој ќе ја донесе слободата, и тој ден не е само победа на тие кои ја идзвојуваа, туку сите генерации кои во минатото се бореа за неа. Да дојде подоброо, да дојде доброто во Македонија и да го победи ова секојдневие коешто е зло во Македонија.

Драги пријатели, браќа и сестри чукна часот, дојде денот, мигот кога секој од вас треба да ги превземе работите во своите раце, да излезе и да гласа, да гласа за својот дом, за своето семејство, за заедничката иднина. Македонија овој пат се брани со гласачко ливче, на 21 април и потоа и на 5 мај.
Затоа што ова не се обични избори. Затоа што оваа власт удри по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да руши дел по дел од она што со генерации беше градено. Сруши еден темел, нагриза друг, почна со рушење на дневната соба, ги разниша гредите, а кровот, кровот кога тогаш ќе падне без сето ова. Во меѓувреме ни велат седете внатре безбедни сте, иако сите добро знаете дека не е така. Затоа добри луѓе ова мора да престане. Мора да се спротивставиме на ова рушење, зошто ни го одземаат нашиот дом, кој не е само наше право туку и наша обврска. Затоа овој пат Македонија се брани на овие избори со гласачко ливче. Оваа кампања го потврди сето она што го говоревме за Заевизмот, за црнилата кои тој Заевизам ни ги донесе.

До таму дојде работата што истрчаа на избори без визија, на нивните митинзи освен по некоја нарачана фалба, тук так некоја поетска изведба и лош хумор од Пендаровски Стево нема да чуете ништо конкретно. Па тоа е потценување на сопствениот народ. Да го видите на билборди со онаа насмевка, и со позадина на народ кој е затемен , со заматени лица, бидејќи Пендаровски Стево по примерот на тој кој го номинираше Зоран Заев бил најважен, сето друго е помалку важно. Од Пендаровски наместо визија ќе чуете бачила, сурати, пред очи да не му излегувале луѓето ако не победел,па луѓето ги нарекува со оној збор којшто ми е непријатно и да го споменам овде , а од Заев што можеме да слушнеме ново, се изнаслушавме, нема што ново да слушаме. Освен некоја неразбирлива дилема, како на пример онаа, дали мрчењето бил збор на македонски или струмички, демек едното е поразлично од другото, а кога ќе помине сето тоа ќе удри по некоја песна, на некој лош англиски на плоштадите, вели Мицкоски.

Тој додава и дека, позитивното е што се виде дека и Заев Зоран и Пендаровски Стево се празни политичари. И што би рекле самите тие навистина тие двајца се повеќе од 102.5% исти. И тоа е вистинскиот проблем за Македонија.

-Затоа што Зоран Заев не е ниту Тито, како што го нарекуваат неговите, или пак уште помалку некое божество за фалење, тоа е Зоран Заев човекот којшто се фалеше да не му ја гибаме жицата македонска, оти изгубен во времето ќе го барал семето, кој велеше дека ќе донесол живот. А што направи? Го промени името, го промени идентитетот се срами да рече дека има Македонци во соседна Грција, се срами овде на ова плато да ја отпее химната на Република Македонија , да слушне дека „Денес над Македонија се раѓа“ дека македонците се борат за своите правдини, се срами да ја построи македонската гарда за да не го навредел неговиот нов пријател. Замислте до кое дереџе дојде Македонија, дома да ни кажуваат што треба да правиме, како во ропство да се наоѓаме, под чизмата на Зоран Заев. Но, набргу доаѓа слободата, 21 Април, 5 Мај ќе дојде слободата и ѓе изгрее слободата во Македонија.
А потоа на предремените парламентарни избори ќе му каже овој народ кој на кого пред очи да не му излегува и кој бил сурат во случајот. Рацин велеше за туѓи бели дворови копај си црни гробови!

И навистина е тешко да се гледа како понизно се пењави пред грчкиот колега, како слугата од Македонските народни приказни, за да не згреши нешто, зошто нели не сакал да му предизвика проблеми дома во Грција. Ама се коцка со моето и со вашето достоинство, не го донел тоа од дома туку се коцка со моето и со вашето достоинство. А овој народ Господнине Заев што е овде собран. Што е и со умрените, постраданите за Македонија, сегашните но и оние неродените кои допрва доаѓаат. Што е и со Гоце Делчев кој го редиш по спотовите, или Блаже Коневски кој што велеше дека името ни е големо сакаат да ни го земат бесрамно ги редиш во твоите спотови на твојот поданик Пендаровски Стево , тие се бореа Зоран Заев за Македонија, нивниот лик е потсетник на твојот срам со делото со кое го нагрдуваш нивниот завет. Треба да ти остане ова еднаш засекогаш запаметено.

Но знаеш ти добро дека Заев оваа битка ќе ја изгубиш. Затоа што нанесе многу неправди. И еве ви велам дека не заборавам не го заборавам ниту еден човек кој сега е во зат вор неправедно осуден кој е мета на про гон и неправда. И нема да престанам да се бор ам се додека последната неправда не се исправи. Се додека и последното нешто одземено на било кој човек не му биде вратено назад. Не ги заборавам ниту децата чии родители сега гнијат по затво рите додека тер ористите од Смилковско шетаат на слобода. Мора да има правда , правда за секого , безусловна , апсолутна зошто само така ќе имаме држава за каква се бориме мечтаеме и татковина каква заслужуваме, додава Мицкоски.

Тој потенцира дека велеа од власта дека се бореле за ЕУ и НАТО. Еве поминаа две години како се на власт, а Македонија освен по некој чочек за прослава нема датум за преговори со Европската Унија, и веројатно и оваа година нема да добие препорака, а нема да добие не заради опозицијата и овој народ , туку поради неспособноста на владата, не знаат да работат. Европа е стандарди, Европа е критериуми и вредности, какви што оваа влада нема.

-Од друга страна што би рекол народот направија од готово вересија, од нашите традиционални пријатели прават непријатели, па така срамежливо министерката за одбрана ќе рече можно е да се појави и кочница за членството во НАТО. Па нели блескаме, нели одиме напред. Какво напред какви бакрачи. Полошо и потешко никогаш не било во Македонија И додека тие викаат дека блескаме, секој од вас знае дека никогаш не било полошо во економијата. Се фалат имале странски инвестиции повеќе од 80 % се резултат на уплатена реинвестирана добивка која ја пријавија зошто владата ги покачи даноците.
Значи најниска реална стапка на инвестиции. Излегоа се пофалија со наводни нови странски инвестиции, а сите се од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ. 2 години ги преспаа, изгубија, 2 години потрошија за да пљачкаат и уживаат во привилегиите кои што им го овозможил овој народ. Не е само опозицијата која што критикува , туку и Светска Банка кажува дека сме на дното, на самото дно во цела Европа, според индексот со кој државата вложува во човечкиот капитал ние сме на 88-мо место најдоле на табелата.

Дури и афричките земји се добри кога е во прашање Македонија. Од 100 луѓе во државава според Светска Банка работат само 28, од кој половина во државна администрација. Нема ниту едно ветување кое го остварија, а ветуваа ,ветуваа многу. И кога ќе го слушнам Заев луѓе како ни збори за демократија и правда тоа е како во Северна Кореја да слушате за човечки права и слобода. Какво време дојде тој да држи лекции за морал, за етика. Може да збори за се, но никој не му верува, бидејќи тој е истиот кој сите го видовме како беше амнестиран за Глобал, и како кај мирчо свињарникот бараше по едно евро за црквата, едно евро за Вицето. И замислете сега како само ќе тргнеме напред користејќи го нивниот слоган, со молскавична брзина, и треба вистински да бидеме благодарни што не викаат на тој пат. А ако е од нив дури и да не поканат, треба да им се заблагодариме фала не.

Со вас никаде не треба да одиме. А тие ако сакаат нека одат, но ние не сакаме по неговиот пат да тргаме. Бидејќи тоа е патот на кри миналот, скр шената кичма и предадена и продадена држава. Ние го избираме патот на правдата, патот кој ќе го трасира професорката Гордана Силјановска Давкова. Патот на заштита на државата и нејзините интереси. Време е народот да се испречи како зид пред нивното грабање, напред за да ги освести да видат каде се. Се заборавија од хотелите и луксузот кој го живеат, балови во странство, фрагови во Скопје, снегот во Маврово и стазите кои ги затвораат за обичните луѓе за да премиерот да може да вози,и сето ова додека народот гладува. Затоа на овие избори народот ќе ги потсети во која земја живеат и на кој народ му служат. Стево ниту еднаш, ниту еднаш не се огради од Зоран Заев. Ни кога камионите на семејството вртат за државни фирми, ниту кога Заевци отвораат компании во странство, ниту кога империјата на Вицето се шири искучиво со помошта на власта. Стево не се огради од Заев ниту кога овој тргуваше со достоинството, ниту кога ги покачуваше даноците, рече Мицкоски.

Тој го праша народот знаете ли зошто? Одговорот е едноставен.

-Затоа што тие се исти. Паричка иста лице и опачина се Зоран Заев и Пендаровски Стево. Сето ова браќа и сестри може да се смени, а излезот , излезот е гласот даден за Гордана Сиљановска Давкова. Со гласот за Гордана ја одбирате Македонија, одбирате надеж и одбирате иднина. Гласот за Гордана е глас за правдата, правната држава. Со гласот за Гордана одбирате човек со кредибилитет, став и морал. Гласот за Гордана е глас за исправена Македонија, со кичма, гордост и достоинство. Гласот за Гордана Сиљановска избирате најдобар претседател на нацијата .Гласате за вашата иднина, и ги казнувате оние кои сакаат да ви ја одземат. Со дадениот глас правите разлика помеѓу доброто и лошото, помеѓу принципи, и непринципиелност. Помеѓу правдата и неправдата, помеѓу Гордана и Стево. Не ветуваме чуда, но ветуваме праведност и правда за секој еден граѓанин во Македонија.

Сакам да се обратам до оние кои цврсто заговараат бојкот, а кои сепак во своите срца ја носат идејата за Македонија. Ние сме браќа и сестри по нашата кауза, и знам дека имате 1 000 причини да бидете разочарани, повлечени, бесни, и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено, без ракавици, во име на организацијата со историско име и завет ВМРО, имате една причина зошто морате да излезете, таа се вика Македонија. Бојкотот на овие избори знаете дека му помага само на Зоран Заев, и тој потајно тоа го посакува и на тоа се надева, и на тоа работи. Некогаш треба да се биде молчалив и да се чека прилика кога треба да се биде гласен, ова е твое време. Сега треба да се биде гласен. Дојдете во нашето семејство, затоа што со нас имате многу повеќе заеднички работи, отколку со оваа однародена власт, бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја имате. Дојдете заеднички да се бориме против ова зло. Излезете и гласајте, не барам да гласате поради мене или ВМРО-ДПМНЕ, гласајте поради себе и своите семејства, гласајте поради Македонија.

Ќе се обратам и до вработените во јавната администрација. Оваа власт неоправдано ја запоставува, игнорира, истовремено и ја притиска. Се однесува нетолерантно, како нешто што природно и припаѓа. Постојано го слушам премиерот како се жали дека била неефикасна, некорисна. Но, нејзината ефикасност е толку голема колку што е и ефикасноста на менаџментот во администрацијата. Сите вие вработени сте со име и презиме и имате свое достоинство, чест и углед. Недозволувајте да бидете застрашувани, непотклекнувајте на уцените и заканите кои знам дека ги имате. Бидете храбри и излезете и гласајте по својата волја. Зад параванот сте сами, и ниту една уцена нека не ја смени вашата одлука да одберете правда за Македонија. Промените доаѓаат, работите брзо ќе се сменат и сигурноста која сега ја немате верувајте ќе дојде. Професионалните и добрите работници секогаш ќе бидат дел од тимот кој ќе ги создава и носи промените. Ве молам да ме слушнете, власта е на колена, Зоран Заев клечи и потребно е да го зададеме последниот удар, ништо не ви можат дојде денот. Ќе се обратам и до припадниците на МВР. До овие овде со нас чесни луѓе, но и тие што се на терен.

Сакале да признаете или не, знам дека ви ги врзаа рацете, да молчите пред криминалците, да ја заобиколувате правдата. Не затоа што тоа го сакате, туку затоа што на тоа ве тераат. Но ве молам, ве молам од срце не прифаќајте притисоци, спротивсавете се на сите незаконски постапки на кои ве тераат. Не одете против својот народ. Ние сме ваши пријатели, а вие сте чесни и честити луѓе чија судбина е притисната од нечесното раководство на власта. И знам дека и вас ве изневерија. Ве измамија.
Нема ништо од новата опрема, од покачувањето на платата, нема ништо од вашите барања, но и тоа ќе се смени, ви ветувам. Морате да имате сигурност која сега ја немате. А по промените вие ќе сте најзначајниот дел од алката која ќе мора да донесе правда во Македонија. Ќе се обратам и до припадниците на Армијата. Вие сте нашата гордост. Секогаш ја имате нашата доверба, а вие враќате со вашата професионалност и сериозна посветеност. Сетете се на заклетвата која ја дававте, и знамето, под сонцето пред кое се заветивте дека ќе служите. Македонија е ова. Затоа ајде да одбереме претседател кој ќе биде на ваша страна, кој ќе се бори за подобри услови, повисок стандард и труд кој ќе биде ценет. Ајде заеднички да ја одбереме Гордана Сиљановска Давкова, истакнува Мицкоски.

Тој додава и дека не може, а да не ги спомене земјоделците, тие честити луѓе со гигатнски срца кои со сурова мака и пот се грижат за своите семејства, а кои од мене ја имаат најголемата почит. Знам дека сте незадоволни и знам дека ве уценуваат со исплата на субвенции, со инспекции и разно разни проверки, ременот постојано го стегаат, но вие најдобро знаете дека тие од власта стапнаа на погрешна штица, а вие казната ќе им ја испорачате токму на овие избори, а потоа заедно ќе го испратиме во политичка пензија министерот кој шопингува патики во Дубаи додека земјоделците едвај крај со крај врзуваат. Со посебна гордост ги посетувам нашите места во Пелагонија, Струмичко, Полошко, во Малешевијата, Реканско и Овчеполието. Ја стискам чесната рака на земјоделците и ви велам во мене имате пријател, ајде заедно да се избориме за подобра иднина. Мојата борба е и ваша борба.

-Ќе ги споменам и пензионерите, оние на кои оваа власт им изрази непочитување, на кои им го укинаа законско предвиденото зголемување на пензиите, а пензиите не се покачија ниту за денар. Власта која ги казнува и не реализира ниту еден проект за нив, оние луѓе кои во староста треба да имаат спокоен живот, а го немаат зошто власта не го почитува. Време е сега вие сега вие да ја казните власта. Ќе се обратам и до невработените. Не ги прифаќајте оние лаги на власта дека само што не ни тргнало подобро, а две години одиме само назад. Македонија со оваа власт инвеститорите ја заобиколуваат, а единствено има работа за фирмите блиски до власта. И знам дека седите и очајувате, и дека навидум ви изгледа безнанеджна ситуацијата, но еве заеднички ви ја покажуваме дека надежта е почетокот на падот на оваа власт е почетокот на надежта во Македонија и предвесник на промените кои многу скоро ќе се случат овде.

Ќе ги споменам и разочараните членови на СДСМ оние на кои вистински им значи Македонија и кои знаат дека корупцијата и криминалот не се работи кои се оправдуваат, но се обраќам и до оние кои чекореа по овие улици и вистински се понадеваа дека ќе се изборат да има правда и да има мир. Знаат дека ниту правда се донесе, ниту мир се постигна. А воедно Заев ги предаде сите идеали во кои што веруваа. И не е ова СДСМ на кое се надеваа, ниту пак некакви идеали запазија. Затоа излезете и казнете против сето она што ве измамија. Сега е моментот кога треба да бидете доследни на она во што верувате, бидејќи живот без идеали, е како куќа без темели.

А што е животот без Македонија? Ништо, дрво без корен. Македонија е во нас околу нас, таа е наша емоција и наша суштина. Се да имаме, ако Македонија ја немаме, ништо немаме. Затоа на сите вас ќе ви го кажам сонот на мојата генерација. Јас ја гледам Македонија како земја на среќни граѓанини, кои се почитуваме едни со други, си подаваме рака во тешки времиња и заеднички ја носиме својата среќа. Јас ја гледам Македонија како држава членка на Европската Унија, каде ќе стигнеме само преку макотрпна работа, исполнување на стандарди и принципи, да се европеизираме одвнатре, дома, па потоа да одиме во Европа.

Јас ја гледам Македонија како земја каде Македонците отсекогаш во историјата живееле заеднички и сложно со своите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Египјани и нека ми простат сите останати кои што не ги споменав. Јас ја гледам Македонија како место каде владее правдата, се почитува правдата се почитува правната држава и владее правото, каде сите сме еднакви пред законот и Уставот, и секој еден кој го прекршил ќе одговара. Ќе одговара без оглед на неговата припадност, општествена или политичка.

Јас ја гледам Македонија како место во кое земјоделците се задоволни од пласманот на она што со мака го произведуваат. Имаат ценет труд, каде невработените наоѓаат работа, а вработените добиваат повисоки плати. Јас ја гледам Македонија каде нашите деца живеат безгрижно. За Македонија која нижи спортски успеси, за финале во фудбал на европско првенство каде ќе се виори македонското знаме, македонското сонце. Каде заедно навиваме за фудбалските мајстории на Елиф Елмас, на Пандев. Јас ја гледам Македонија како земја каде заеднички се радуваме на одбраните на Борко Ристовски, на головите на Кире Лазаров, на играчот, не оној со број, туку Стојанче Стоилов заедничкиот херој на многу граѓани од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Куманово.

Јас ја гледам Македонија како идеја, муза и инспирација за која вреди да се живее и умpе. Ако и вие го споделувате ова како и јас, тогаш ајде заеднички да се избориме за нашата честита Македонија. Затоа еден ден кога ќе помине време, многу наши сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, Египјани и останати, ќе се запрашаат дали направивме се што можевме за да се избориме за работите во кои веруваме? Дали ја оправдавме големата одговорност која и беше дадена на нашата генерација? Во многу моменти од животот ќе забележите дека работите не се фер, дека некој тргува со работи кои се свети, ве притиска, прогонува, осиромашува и обесправдува. Не се откажувајте, продолжете да се бо рите! Колку повеќе ви викаат дека е готово, ве тераат да се обесхрабрите не се откажувајте браќа и сестри – борете се! Емоциите да ги претвориме во акција! Време е! Веруваме во Правда за Македонија!

Во химната стои дека Македонците се боp ат за своите правдини! Македонците не веруваат во власта – веруваат во Македонија! Таа е радост, тага, болkа, успех, суштина, пиреј, Татковина! Барај те го најдоброто во себе! Дојде часот! Колку повеке ти викаат дека нешто не е возмозно ти повеќе мотивирај се!, додава Мицкоски.

Тој вели и дека докажи им дека грешат! Победи! Колку повеќе овој скр шен систем те притиска толку повеќе знај дека си на вистинската страна! На страната на правдата. На страната на Македонија! Затоа ве викам да се приклучите.

-Еден ден после многу време – ќе можете гордо да кажете затоа што татковината ме повика! Јас бев еден од оние кои ја донесоа правдата во Македонија! Знам дека овој дожд е бериќет, не врне секаде на плоштадите во Македонија, па нека не наврне и овде во Скопје. Вреди за ова да се живее. Вреди за ова да се работи. Кога доаѓав наваму, се видов со мајка ми. Ми рече внимавај синко тешки времиња се, дали ова што го правиш ќе вроди со плод. Јас го избрав својот пат. Мојот пат е правда за Македонија. И нашите животи не вредат ни пет пари, ако немаме правда за Македонија. Може и да не уби јат може и да не уап сат, ама вербата во правдата во Македонија никогаш нема да исчезне, истакна на крајот Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This