ИСТОРИСКИ СЕДНИЦА: Започна седницата за импичмент на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставничкиот дом, долниот дом во американскиот конгрес, започна денеска со историската седница за импичмент на Претседателот Доналд Трамп, по обвинението дека ја злоупотребил функцијата и го опструирал Конгресот.

На самиот почеток, републиканците се обидоа да го запрат процесот и да ја одложат седницата.

“Госпоѓо спикер, за да престанеме да го губиме времето на Америка со импичментот, предлагам да ја прекинеме седницата на претставничкиот дом” – рече републиканецот Енди Бигс.

“Прашањето е за прекинување на седницата. Сите кои се за, нека кажат “да” додека оние кои се против, нека кажат “не”. “Не” има мнозинство. Предлогот не е прифатен” – подвлече привремениот спикер на претставничкиот дом, Диана Дегет .

По партиски линии пропадна и обидот на републиканците преку усвојување резолуција да ги осудат постапките на претседателите на конгресните комисии од демократската партија, за начинот на кој ја спровеле истрагата, која доведе до денешната седница.

Претходно, како што и вообичаено тоа го прави, Доналд Трамп преку твитер и користење големи букви, го изрази својот бес од процедурата на импичмент во Конгресот.

“Дали ви се верува дека денеска ќе ми биде изгласан импичмент од страна на радикалната левица, неспособните демократи а јас не направив ништо погрешно” – напиша Трамп.

Тој вечерва ќе одржи и предизборен митинг во сојузната држава Мичиген.

Предвидувањата се дека денешната седница ќе трае повеќе од 6 часа и дека долниот дом на Конгресот, по партиски линии ќе изгласа импичмент на Трамп.

Сепак за да биде сменет од функцијата, тој треба да биде и осуден во Сенатот, што е неверојатно, затоа што мнозинството во горниот дом го контролира лојалната републиканската партија.

На само двајца претседатели на САД, Ендрју Џонсон и Бил Клинтон досега им бил изгласан импичмент, но ниту еден од нив не бил осуден од Сенатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This