Истрага поради малверзации при издавање пасоши на Македонци во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарските власти соопштија дека почнале истрага за голема малверзација на државни службеници кои продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји кои се надвор од Европската Унија врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства.

Бугарските медиуми наведуваат дека претежно државјани на Македонија, Украина и Молдавија плаќале по 5 000 евра за лажна потврда со што доаѓале до бугарски документи. Постои сомнеж дека на тој начин неделно се издавале од 30 до 40 пасоши, а сè уште не се знае кога почнало ова нелегално дејствување.

„Службениците се осомничени се корупција, злоупотреба на службената положба и фалсификување документи“, соопшти Обвнителството за гонење на организиран криминал.

Бугарските медиуми наведуваат дека меѓу 20 приведени е и шефот на државната Служба за Бугари во странство која има клучна улога при натурализација на странски државјани. Оваа служба издава потврди за бугарско потекло на странците кои ќе докажат дека барем еден од нивните предците бил или е Бугарин.

Бугарија годишно во просек издава околу 10 000 бугарски документи на странци. Веќе долго време во земјата се води расправа за критериумите за докажување на бугарско потекло. Некогаш за тоа било доволно да се даде изјава, но од 1 мај 2017 година Софија бара документи кои го докажуваат бугарското потекло на родителите или на некој од бабите или дедовците на подносителите на барањата.

Службата која ги издава потврдите е блиска со националистичките партии кои сега се во владејачката коалиција на конзервативниот премиер Бојко Борисов, објавија бугарските медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This