April 25, 2024, 12:08 pm

Италијанскиот премиер најави оcтавка откако го загуби мнозинството во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот премиер Џузепе Конте веројатно ќе поднесе оставка до претседателот Серџо Матарела вечерва или утре изутрина, со надеж дека ќе добие мандат за формирање влада, изјавил неименуван владин извор.

Според некои западни медиуми, на прашањето да ги прокоментира наводите во италијанските медиуми дека Конте планира да поднесе оставка по седницата на кабинетот, изворот истакнал дека „тоа е веројатно, денеска или утре изутрина”.

Со поднесување оставка, Конте сака да го избегне ризичното гласање во Парламентот во текот на оваа недела поради спорниот извештај за судството и да добие повеќе време да убеди неколкумина пратеници да и дадат поддршка на владата, бидејќи минатата недела го загуби мнозинството во Сенатот.

Извор:МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This