ИТАЛИЈАНЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА ВЛАДА: Предвремени избори на 8 јули во Италија доколку разговорите за формирање на владата не успеат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на италијанската партија Лига, Матео Салдини, во понеделникот изјави новите избори би можеле да се одржат на 8-ми јули ако преговорите за формирање нова италијанска влада не успеат.

“Како што ветив, ќе работам на создавање на влада … Ако тоа не се случи, најблизок датум за ново гласање ќе биде 8 јули. Ди Мајо, исто така, се согласи со датумот”, рече Салгини по неговата средба со Ди Мајо.

Претходно истиот ден, италијанскиот претседател Серџо Матарела го започна третиот круг од консултациите за формирање на нова влада со лидерот на движењето на Петте Ѕвезди M5С и кандидат за премиер Луиџи Ди Мајо и лидерите на трите партии кои се дел од центар – десната коалиција.

Третиот круг на консултации се очекува да заврши денес. Според извештаите на медиумите, Матарела се би сакал да закаже предвремени избори во јули, ако коалициска влада не успее да се договори.
Претходните обиди да се постигне договор помеѓу М5С и централнодесничарската коалиција, како и меѓу М5С и Демократската партија, не успеаја да го отворат патот за формирање на новиот кабинет.

Италијанските парламентарни избори се одржаа на 4 март. На изборите М5С обезбедиа повеќе од 32 отсто од гласовите. Централнодесничарската коалиција, која ја сочинуваат партијата Лега, централно-десничарската Форца Италија и движењето Браќата на Италија, добија 37 отсто од гласовите. Владејачката Демократска партија освои околу 20 отсто од гласовите. Ниту една од страните не доби мнозинство гласови потребни за формирање влада.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This