И БЕЛГИЈА ГИ ОЛАБАВУВА МЕРКИТЕ: Во понеделник се отвараат границите и угостителските објекти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Третата фаза на олабавување на рестриктивните мерки започнува во Белгија од 8 јуни, најави премиерката Софи Вилмес.

По неколку недели стабилизација на бројот на новозаболени од Ковид-19, белгискиот Совет за безбедност денеска одлучи дека може да се активира третата фаза од укинување на рестрикциите, која се однесува на социјалниот живот и патувањата надвор од земјата.

Од понеделник постепено ќе се отвора угостителскиот сектор, еден од најпогодените во оваа криза, под одредени услови и со строги хигиенски правила и дистанца. Кафулињата и рестораните нема да смеат да работат после еден часот наутро, дискотеките остануваат затворени до први август.

Од 15 јуни, Белгија ќе ги отвори границите со сите земји од Шенген зоната како и со Обединетото Кралство. Останува дека белгиските државјани ќе треба да се информираат дали смеат да патуваат во одредена држава, со оглед на тоа дека некои земји сѐ уште забрануваат влез за белгиските граѓани.

Спортските активности постепено ќе можат повторно да се авторизираат од понеделник, а од први јули спортските настани ќе можат повторно да се одвиваат пред публика.

Од граѓаните се бара да продолжат да носат заштитни маски кога не постои можност да се почитува физичката дистанца од 1,5 метар. Од понеделник граѓаните ќе можат и да го прошират списокот на контакти од четири на десет. До сега се препорачуваше луѓето да не се гледаат со повеќе од четири лица, секогаш истите, за да не се шири вирусот, сега бројката може да премине на десет.

Конечно, премиерката им препорача на граѓаните да се воздржат од бакнување и гушкање.

Извор:МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This