И КОМАНДАНТ СОКОЛИ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ШТРАЈКОТ: По Малишева, и терористот Соколи се приклучи на штрајкот со глад – бараат меѓународна истрага!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се прошири штрајкот со глад на членовите на кумановската група во затворот Шутка кои го започнаа во неделата.

Во изјава испратена до весникот на албански јазик “Лајм“, Вал Зекај објави дека денес, меѓу другите, на штрајкот со глад се приклучи и Сами Укшини познат како командант Соколи.

– Од денес, на штрајкот со глад се приклучија и Сами Укшини, Фадил Фејзулаху и Генц Сефај”, се вели во изјавата на Зекај испратена до весникот Лајм.

На овој начин, бројот на лицата од кумановската Група кои штрајкуваат е зголемен. Од недела штрајк со глад започнаа Вал Зекај, Бег Бајра, Шефкет Халачи, Есат Кафеџоли, Ардијан Бујари, Лирим Красниќи и Лендрит Рустемај.

Во меѓувреме и барањата на членовите на кумановската група кои штрајкуваат се проширени.

– Бараме, меѓу другото, да започне меѓународна истрага и меѓународно судење. Инаку нема да го прекинуваме штрајкот. Нема веќе враќање назад. Денес го одбивме и докторот и водата”, вели Зекај во писмото испратено до “Газета Лајм”.

Инаку, штрајкот започна во недела со барање да се прифати барањето за пренос на сите членови на групата во затворот Идризова и подобрување на општите услови во затворот.
Во меѓувреме, брзо приклучување кон овој штрајк најавија членовите на групата кои се сместени во затворот Идризово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This