И НАЈШАРЕНИТЕ, НЕЗАДОВОЛНИ НАЈАВУВААТ ТУЖБИ: Братот на Сашо Ордановски ќе го тужи фондот за иновации за злоупотреба на државни пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ванчо Ордановски, брат на новинарот Сашо Ордановски, пријател на Зоран Заев задолжен за провладина пропаганда најави тужба за државата поради распределбата на државните средства од Фондонт за иновации. Тој на својот Твитер профил напиша ,, Ги повикувам одбиените од конкурсот на @InFondMK да ми се придружат во поднесување на кривична пријава за злоупотреба на државни пари’’.

Имено Ордановски ја обвинува државата за злоупотреба на државни пари при распределбата на средствата, а најверојатно е незадоволен бидејќи не го добил ,,заслуженото’’ парче од колачот за пропагандата која ја шират тој и неговиот брат за СДСМ и Заев изминатите неколку години. Да се потсетиме дека меѓу оние кои добија пари беше и новинарот Бранко Геровски за Слободен Печат, како и голем број на финансиери на СДСМ изминативе години.

Во јавноста има огромен број на негативни реакции за распределбата на парите, поради фактот што парите од Фондот за Иновации беа потрошени за се освен за иновации. Како на пример Геровски доби пари за печатница небаре е Гутенберг. Но како и да е јасно е дека парите од Фондот за Иновации беа искористени за исплата на оние кои од почетокот на политичката криза одработија за СДСМ и Заев, непобитен факт е дека станува збор за злоупотреба на државни пари и за ова еден ден ќе мора да има и кривична одговорност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This