April 25, 2024, 12:55 pm

И Норвешка ја повлече од употреба вакцината на Астра Зенека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Норвешка официјално ја повлече од употреба вакцината на Астра Зенека против Ковид-19, објави ДПА.

Премиерката на државата Ерна Солберг изјави дека одлуката е донесена врз основа на препораките на експертска комисија и на Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI), кои советуваат да се изземат од норвешката програма за имунизација вакцините на Астра Зенека и на Џонсон и Џонсон поради ризик од многу ретки, но сериозни несакани ефекти.

Владата во моментов размислува да им ја понуди вакцината на Џонсон и Џонсон на оние кои сакаат да бидат имунизирани со неа.

Норвешка прекина да ја користи вакцината на Астра Зенека на 11 март како мерка на претпазливост, откако беше пријавено згрутчување на крвта по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи. Дотогаш, околу 138.000 луѓе беа имунизирани со таа вакцина.
Неодамна, и Данска одлучи целосно да ја прекине имунизацијата со вакцината на АстраЗенекa, a веќе најавените дози најави дека ќе ги донира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This