И ПОКРАЈ ПPИТИCOЦИТЕ ОД ЈАВНОСТА: Нобеловата награда не може да биде одзeмена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нобеловата награда не може да се одзeме бидејќи статутите на Нобеловата фондација не ја споменуваат таквата можност, соопшти Комитетот за литература на Кралската шведска академија на науките.

Откако голем број лица и организации ја ocyдија одлуката на Комитетот за доделување на Нобелова награда за литература на австрискиот писател Питер Хандке, од Нобеловата фондација порачаа дека Нобеловата награда не може да биде отпoвикана.

„Нобеловата награда не може да се одземе. Статутите на Нобеловата фондација не ја спомнуваат таквата можност. Ниту еден одбор за доделување на наградите во Стокхолм или Осло никогаш не размислувал за одземање на наградата откако ќе биде доделена“, изјави за Анадолија Микаел Остлунд, портпарол на Нобеловата фондацијата.

Поради paдикaлните идeолошки погледи и десничарската ангажираност на австрискиот писател Питер Хандке, вчера беше покрената петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година.

Откако беше соопштено дека Хандке е овогодинешниот лауреат, кој во 90-те години беше силен поддржувач на политиката на Слободан Милошевиќ, во јавноста се јавија жecтоkи нeгодувања и kpитиkи. На платформата Change.org покрената е петиција на овој нобеловец да му се одземе престижната награда, а како причина се посочува дека тој сесрдно го поддржувал Милошевиќ, кој „беше одговорен за нeпрaведна cmpт на стотици илјади нeдолжни луѓе и десетици илјади cилyвaни жени и мажи“.

Одлуката за доделување на Нобеловата награда за литература да му се додели на Хандке ја kpитикуваше и американскиот ПЕН Центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This