И3mислени изјави на Жak Атали – гopиво за теориите на 3aговор околу KoBид-19 и во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лажни зборови на Жак Атали се вметнати како фалсификат во една книга со интервјуа, каде е поместено и интервју со него, со цел да се поткрепат теории на заговор околу пандемијата со ковид-19. Ваквите објави на социјалните мрежи се многу споделувани, претежно од десно ориентирани групи, поединци и медиуми на запад, а кај нас, со неколку дена задоцнување веќе е објавена оваа лажна вест, при што, исто така, е многу вирална. Она што треба да се знае тоа е дека Атали никогаш не користел речник близок до ултраконзервативците, десните радикали или неонацистите, бидејќи сè што работел и говорел, е суштествена спротивност на сè што претставуваат и заговараат таквите поединци и групи

Вест на домашен портал пренесена и многу вирална на корисниците на Фејсбук во С. Македонија, шири дезинформација за пандемијата со ковид-19, преку наводно изговорени зборови и мисли на Жак Атали, врвен француски интелектуалец, економист, професор, писател, поранешен функционер во француската администрација, советник и близок соработник на поранешниот претседател Франсоа Митеран, еден од основачите на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и нејзин прв претседател, хуманитарец и невладин активист….

Во објавата на фан страната на порталот на ФБ се шпекулира уште во насловот:

КОВИД БИЛ ПЛАНИРАН УШТЕ ПРЕД 40 ГОДИНИ? Францускиот масон Жак Атали во 1981 година: Ќе креираме пандемија поради која идиотите доброволно ќе појдат во кланица

Под ваквиот наслов се наведуваат следните наводни зборови на Атали:

Жак Атали, патем еден од пореспектабилните масонски идеолози (1981) тогашниот советник на Франсоа Митеран, го напиша ова:

Во иднина ќе се работи за изнаоѓање начини за намалување на населението. Ќе почнеме од стари луѓе, затоа што штом преминат 60-65 години, човек живее подолго отколку што произведува и тоа скапо го чини општеството.
Потоа оние слабите, па бескорисните, кои ништо не носат во општеството затоа што ќе ги има се повеќе, а посебно глупавите конечно. Еутаназија насочена кон овие групи; еутаназијата во сите случаи ќе биде основен инструмент на нашите идни општества.
Нема, секако, да можеме да погубуваме луѓе или да организираме концентрациони логори. Ќе се ослободиме од нив така што ќе ги натераме да веруваат дека тоа е за нивно добро.

Во оваа вест не се наведува никаков извор, но, пребарувањето по интернет набрзо го дава одговорот. Имено, на почетокот на април, на 8-ми април, вакво тврдење се појавува на Фејсбук, по што се споделува и шири, па на Твитер на 11 април од човек кој се претставува за пензиониран професор по историја, но со профил полн со теории на заговор и повици за бунт против одлуките на националните власти околу пандемијата, па на Редит на 14-ти април, итн., за да заврши кај домашните портали или групи на Фејсбук, кои, исто така, шират теории на заговори, антиваксерство и пред сè, еден куп непроверени и лажни вести.

Во потрагата по веста, преведените наводни зборови на Атали, искажани во раните осумдесети години од минатиот век, не можеа да се потврдат на ниту едно место на интернет, ниту со еден атрибут кој се користи за подлабоко пребарување на мрежата. Но, затоа, пребарувањето ќе ве донесе до неколку сервиси за проверка на факти, кои ја разобличиле оваа последна лажна вест за познатиот интелектуалец, злоупотребен во најновите теории на заговор околу пандемијата.

Според сервисот за проверка на факти на Франс прес, АФП Факти и според блог објавен во дневното издание на он-лајн медиумот Медиапарт, ова е фабрикувана дезинформација која се потпира на два столба: наводно искажани зборови на Атали во книгата интервјуа објавена од Мишел Саломон во 1981 година, „Иднината на животот“, како и врз историјатот на дезинформации и клевети врз Атали, поради што тој тужел и добил процес и во француски апелационен суд во 1984 г., околу неговите наводни ставови за евтаназијата, што е, пак, исто така, постојан извор на лажни вести. Последен пат овие дезинформации околу ставовите на Атали за евтаназијатa се разобличени од францускиот сервис за проверка на факти на електронскотo издание на Либерасион во 2018 година.

Самиот Атали, во изјава за АФП Факти пред неколку дена, во врска со најновото искривоколчување на неговите зборови, наведе дека со тоа практично го претставиле истомисленик со нацистите и со Адолф Хитлер:

Текстот е целосна измислица…..не е ни блиску до оригиналниот текст (се мисли на изјавите во интервјуто објавено во книгата на Саломон во 1983 – н.з.). Тоа е исто како да се каже дека јас сум ја напишал „Мојата борба“ (најпознатото дело на Адолф Хитлер-н.з.).

Според погоре изнесените сознанија и факти нема сомневање дека и објавата што ја рецензираме е само екстензија на лажната вест за наводната изјава на Атали од 1981, преземена без извор од некој од медиумите или социјалните мрежи од странство и поради тоа може да се оцени како невистина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This