April 26, 2024, 10:43 am

КАДЕ Е ЕКС-МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ И ПРАТЕНИК: Во кои води плива невидливиот Попоски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И по неколку месеци од гласањето за отпочнување на постапката за отворање на Уставот, нејасно останува зошто Никола Попоски, екс-министерот за надворешни работи и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ отсуствуваше од гласањето и ниту еднаш во Собранието не го слушнавме неговиот став во однос на уставните измени.

На клучната седница на 19-ти октомври минатата година Попоски не присуствуваше. Тој отсуствуваше и од расправите за амандманите.

Пресинг Тв се обиде да стапи во контакт со екс-министерот. Го прашавме која беше причината за неговото отсуство? Како ќе гласаше доколку беше присутен во собраниската сала? Каков е неговиот став сега? Но Попоски не одговори на нашите повици и смс пораки.

Инаку пред три месеци Поповски на фејсбук се изјасни дека нема да гласа за уставни измени.

Врз основа на изборот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и нашата изборна програма, јасно е дека немам мандат и не учествувам во промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на Уставното Име, напиша тогаш Попоски.

Дали Попоски периодот пред и за време на празниците го искористил за зимски одмор во некој од ски центрите во околината? Информациите до кои дојде Пресинг Тв велат дека одреден период бил надвор од земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This