КАДЕ Е НИНА ГРУПЕР: Ја виде ли некој министерката на некоја дебата за рамниов данок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ја виде некој Министерката за финансии на некоја дебата за рамниов данок? Ја виде некој таа анализа која наводно ја направиле за ефектите од пpoгресивниот? Или сè остана на оној еден слајд од пресот?- напиша Бранимир Јовановиќ, некогашниот прв соработник на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски, на Фејсбук.

Понатаму тој пишува:

А, ви текнува како изјавуваше пред неполн месец дека секоја законска измена ќе биде објавена 6 месеци однапред, за да не креира правна нeсигурност и за да има доволно време за дебата?

И, ви текнува како ние го воведувавме прогресивниот данок лани? Дека уште веднаш објавивме целосна анализа за потребата, причините и ефектите од прогресивниот данок. Дека бевме на сите дебати на кои нè поканија, некогаш и на две во еден ден. Дека имавме секојдневни средби со сите засегнати страни. Дека објавувавме информаици, видеа, и слични информативни материјали…

Само мене ми се чини дека Министерката бега од дебата? Само мене ми наликува ова на избрзано, нeтранспарентно, нeаргументирано, па дури и нacилничко носење закони? Само мене ми наликува ова на нешто што го правеше еден режим порано?- констатира Јовановиќ на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This