КАКО АМЕРИКА ГИ РЕКЕТИРА ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО: Влезот во НАТО е уназадување на животниот стандард и квалитетот на армијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членството на некои држави во НАТО се плаќа од пет до десет милиони долари, а сите договор кои државите-членки ги имаат со оваа организација за ремонт и набавка на оружје се преку компании кои се американски и кои имаат договори со НАТО. Од 15 најголеми компании во светот кои произведуваат воена техника, седум се од Америка

NATO_reket

Доналд Трам, претседател на САД, тврди дека Германија на НАТО му должи 374 милијарди долари, сметајќи и камати, почнувајќи од 2002.година. Германската канцеларка Ангела Меркел упорно тврди дека нејзината држава на НАТО не му должи ниту пени. Кој е во право, е помалку важно, но фактот дека оваа организација, тешка 2.8 милијарди долари, своите членки фактички ги држи во „должничко ропство“.

Како?

Обврската од два проценти годишно, колку што би требало да одвојуваат сите членки на НАТО речиси никој да не го исполнува, бидејќи росто не може толку да издвои, а да не ги зголеми даноците во својата држава, што значи да се намали и уназади животниот стандард на своите граѓани.

Тука не ја сметаме Америка која е мнозински „сопственик“ на НАТО. Членството на некои држави во НАТО се плаќа од пет до десет милиони долари, а да не ги споменуваме сите договори кои државите-членки ги имаат со оваа организација за ремонт и набавка на оружје се преку компании кои се американски и кои имаат договори со НАТО. А меѓу 15 најголеми компании во светот кои произведуваат воена техника, седум се од САД.

Тоа доведува до тоа сите држави-членки, кои додуа доброволно се дел од оваа алијанса, со влезот во НАТО влегуваат во маѓичен круг од кој тешко можат да излезат.

На тоа за Спутник укажува и воениот аналитичар Андреј Млакар, кој на прашањето дали е НАТО најголем „зеленаш“ на светот, одговара дека тоа и е и не е. НАТО, потсетува тој, е договор на договорни страни кои се обврзале на колективна одбрана. Со самото тоа превземале и колективна обврска

nato_trosok

„Меѓуто, факт е дека трошоците секоја година се зголемуваат. Тоа пред се сѐ однесува на трошоците на мировните операции кои од 1995.година до денес се зголемиле за 60 до 70 проценти. Сите нови членки од 1997. до залучно 2008.година пред се морале да се обврзат дека одредена сума на пари ќе издвојуваат за НАТО, што е околу два проценти од националниот бруто доход. Во тие два проценти влегува и следното: плати за војници, финансирање на членство, плати за бирократија, бидејќи секоја членка има свои луѓе задолжени во НАТО и тие мисии не бројат помалку од 10 до 15 луѓе“, наведува Млакар.

Соговорникот на Спутник наведува дека членките на НАТО мораат да ги почитуваат сите договори на оваа алијанса, па и тие оружјето да го купуваат и ремонтираат од американските компании. Тоа, наведува тој, додатно ги ослабнува армиите на самите држави бидејќи се под постојан притисок да пратат стандарди во осовремување.

nato_trosok2

„Словенија, на пример, издвојува 1.5 проценти од 2003 година за одбрана. Кога влезе во НАТО, ги намалуваше трошоците за одбрана, освен обврските кон НАТО. Парите се трошат на мировни мисии во кои учествуваа, стандардизација, ремонт на опремата…Сето тоа фактички дупло се плаќа. Членките на НАТО мораа да имаат и одговарачка опрема, а всушност се случува следното: купената опрема по одредено време мора да се сервисира. Но постојат овластени добавувачи, и не може самата држава да ја избере најдобрата понуда, туку се бира опција која е во комбинација со НАТО. На пример: Ако купиш 30 „хамери“ постои овластен сервисер за тие возила – Америкнци. Што значи, не може некој друг да направи ремонт на тие возила. Тоа важи и за било кое воено вооружување, било да е хеликоптер или тенк. Друг проблем е, што од сопствениот, а не од буџетот на НАТО се плаќа тој ремонт, обуката на кадрите и одржувањето на опремата. Сето тоа, значи, е врзано со договори, подизведувачи и стандарди. Тоа е маѓичен круг во кој се вртиш, бидејќи нон-стоп нешто плаќаш“, објаснува Млакар за Спутник.

nato_trosok3

Епилогот на сето тоа, додава тој, е членките во сопствената држава да не одлучуваат во што ќе вложуваат, кој сектор на војската ќе го развиваат, тоа го одредува НАТО, за да не дојде до дуплирање на силите.

„На крајот, се доаѓа до ситуација да нема муниција, одредена опрема е стара, а сето тоа повторно мора да го платиш“, нагласува тој.

САД ја плаќа најскапата чланарина во НАТО, 502.3 милиони, додека од сите најмалку издвојува Исланд 975 илијади, се наведува во истражувањето кое го објави Центарот за демократска транзиција (ЦДТ).

nato_trosok4

Чланарината се одредува на основа на големината на земјата и БДП, а се востановува на основа на посебна процедура по повикот за членство, како и кај други меѓународни организации.

Според претходните проценки, чланарината на Црна Гора би можела да изнесува од 450.000 евра, но тоа прецизно ќе се знае кога оваа држава ќе стане полноправна членка на Алијансата.

Според истражувањето на ЦДТ, 28 членки, според податоците од 2014.година, вкупно платила 2.27 миијарди евра во НАТО. Тоа подразбира и воен буџет од 1.4 милијарди, цивилен буџет од 217 милиони и буџет за инфраструктура од 650 милиони.

Германија плаќа чланарина од 331.7 милиони, Франција 249 милиони, Велика Британија 238.6 милиони, Италија 197.8 милиони и Канада 138.1 милион.nato_trosok5

Зад нив се Шпанија со 118.4 милиони, Турција со 93.6 милиони, Холандија 74.1 милион, Полска 59.7 милиони, Белгија 46.1 милион, Норвешка 35.1 милион и Данска 28.6 милиони. Меѓу членките кои помалку издвојуваат, според големината на БДП се Грција со 25 милиони, Чешка со 21.4 милиони, Романија 23.9 милиони, Португалија 21.5 милиони, Унгарија 15.8 милиони, Словачка 10.3 милиони и Бугарија 7.4 милиони. Хрватска плаќа чланарина од седум милиони, Словенија пет милиони, Литванија 4.8 милиони, Луксембург 3.5 милиони, Летонија 3.1 милион, Естонија 2.3 милиони и Албанија два милиони.

 

Бранкица Ристиќ
Спутник

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This