КАКО БРИТАНЦИТЕ СТАНАА АЛБАНСКИ ЧАДОР: Кој ја креираше платформата, која е целта и зошто Британија толку одлучно застанува позади Албанците?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската надворешна политика на Балканот уште од почетокот на минатиот век се темели на поддршката која ја пружаат кон албанската идеја, за што за возврат добиваат апсолутна лојалност од страна на албанскиот политички и државотворен фактор

besa_anglicani

Докази за ова тврдење во историјата има многу, но можеби најеклатантни, но и најсвежи се сеќавањата на безрезервната поддршка која Велика Британија ја пружаше на албанските екстремисти и терористи на Косово и Македонија кон крајот на деветесетите и почетокот на новиот милениум.

Во текст напишан на 6-ти фебруари, Спутник ја анализираше ситуацијата со формирањето на специјалниот суд за воени злосторства на ОВК под наслов „Како Британците ја формираа ОВК (УЧК), го отцепија Косово и ја растурија Македонија!“

Според „Спутник“, во текот на подготовката на конфликтот на Косово, активно бил вклучен Британскиот разузнавачки елемент, кој пак својата база на операции ја имал токму во Македонија, каде што меѓу другото биле смесетни и специјалните сили на кралството „САС“.

UCK_USA

Сите, како што потсетува соговорникот на Спутник, имале дипломатски пасоши и се додава дека нивната улога се засновала на таканаречена разузнувачка припрема на боиштето, што подразбира разгледување на военото поле и ситуацијата како пред одредени воени дејствија би биле затечени потенцијалните проблеми и ситуации, и како би се остварила победа во случај на борба – пишува Спутник.

Слично на оваа ситуација се одвиваше и креирањето на кризата во Македонија.

Имено, уште на крајот на 2015-та и почетокот на 2016-та година, започнуваат личните контакти помеѓу Британските разузнавачки служби и радикалната албанска партија БЕСА.

Поточно, на 25 ноември 2015 година, првиот личен контакт помеѓу претставници на дипломатската и разузнавачка служба на Велика Британија и БЕСА ја остваруваат заменик-амбасадорот на Велика Британија во земјава Пол Едвардс и Миа Марзук претставник на Министерството за надворешни работи на Велика Британија, како политички претставник.

Миа Мазрук, на само 20 дена пред одржувањето на изборите минатата година на 11-ти декмври, на 26 ноември 2016-та година заминува за Тирана каде што се среќава со Албанското раководство но и со премиерот на Албанија Еди Рама. Таму, според новинарот Васко Ефтов, Мазрук работи на составување на т.н. „албанска платформа“ која треба албанскит партии да ја усвојат по завршувањето на изборите.

Mia_mazruk

Според Ефтов, поентата на платформата и вклучувањето на БЕСА во чадорот е со цел да се спречи турското влијание во БЕСА бидејќи Турција има исклучително тврд став по прашањата за идентитетот, името и односите помеѓу Македонија и Грција.

Освен ова, Ефтов открива и дека сопругот на Миа Мазрук, Лавренс Мазрук е уредник на „Бурн Балкан Нетворк“, новинарска мрежа на разузнавачката агенција на Велика Британија МИ-6 која оперира на Балканскиот полуостров.

Миа Мазрук зборува течен Албански, а досега била раководител на низа проекти на Косово.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This