Како да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Традиционално, брадите се симбол за мажественост, моќ, сила и мудрост. Но обидувајќи се да ја пораснат својата брада, многу мажи на почетокот се соочуваат со чешање и се откажуваат. Доколку ја пораснат, неправилната нега прави брадата да изгледа запуштено. Ако се обидувате да ја пораснете вашата брада, можеби овие совети ќе ви се најдат.

1. Правилото од 4 недели

Closeup of male builder scratching his beard with both hands as irritation concept isolated on white background

Првата и најтешка фаза, односно првите 4 недели, бара најмногу трпение. Во овој период чешањето е најсилно и многу мажи се откажуваат и се бричат. Брадата го достигнува својот „полн потенцијал“ по еден месец, па потребно е само да издржите.

2. Не ја заборавајте вашата кожа

Ако сте ги издржале четирите недели, време е за нега на вашата кожа. Важно е редовно да ја чистите брадата, да ги отстранувате мртвите клетки со пилинг за да го спречите зараснувањето на влакната и редовно да ја навлажнувате кожата.

3. Вежбајте редовно

Не е тајна дека редовното вежбање ја подобрува циркулацијата на крвта, која пак има позитивно влијание на растот на влакната, како и на нивниот квалитет. Покрај тоа, вежбањето го поттикнува лачењето на тестостеронот кој придонесува во здравјето на фоликулите на влакната.

4. Избегнувајте стрес

Колку изненадувачки и да звучи, стресот има негативно влијание на вашата брада. Причината е што кога сте под стрес, вашето тело го лачи хормонот кортизол кој го намалува лачењето на тестостерон. Покрај тоа, кога сте под стрес крвните садови се стегаат, па хранливите материи од крвта потешко стигнуваат до фоликулите на влакната.

5. Внимавајте на исхраната

Food high in protein isolated on white

Здравата исхрана е важна и е од голема помош на сите. Но ако сакате густа брада, се препорачува да консумирате повеќе продукти со протеини. Исто така зголемете го внесот на јаткасти плодови, овошје со витамин Ц и јајца. Не заборавајте да пиете и доволно вода.

6. Земајте додатоци во исхраната

spoon with variety of pills, dietary supplements on blurred vegetables background

Додатоците кои содржат железо, цинк, бакар, витамини Б, Д и Е, како и магнезиум, можат да го поттикнат растењето на брадата. Бидејќи денес ретко ги внесуваме овие материи преку храната, препорачливо е да земате додатоци.

7. Користете масла

Користењето масла за брада е навистина корисно, особено ако сте на место со екстремни температури. Тенкиот слој масло ќе ѝ даде сјај на брадата и ќе ја заштити од оштетување. Најдобро е да одберете масло чија главна состојка е јојоба.

8. Редовно скратувајте ја и оформувајте ја брадата


Можете сами да ја скратувате брадата, или да одите на бербер. Задолжително направете го тоа после првите 4 недели. Потоа потстрижувајте ја на секои 2 до 3 недели, во зависност од тоа колку брзо ви расте. Немојте да ја потстрижувате брадата по туширање, бидејќи можете да скратите повеќе отколку што сакате.

9. Употребувајте балсам за коса

Не само што треба редовно да ја миете брадата со шампон, туку треба да користите и балсами и регенератори за коса. И ова ќе ви помогне да имате густа и сјајна брада. Нанесете го регенераторот по шампонот, оставете го да делува некое време, поминете низ брадата со прстите или со чешел и исплакнете.

Дознајте и каква брада ви одговара според формата на лицето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This