Калифорнија прогласи вонредна состојба бидејќи делови од југозападниот дел на САД беа погодени од опасно високи температури. Во националниот парк Долина на смртта во Калифорнија, која честопати е една од најтоплите области во светот, вчера беа измерени 54 степени Целзиусови.
Властите им препорачаа на граѓаните да не излегуват на сонце и да останат во климатизирани објекти, пишува Би-Би-Си.
Во Калифорнија до недела температурите ќе се движат од 37 до 43 степени Целзиусови. Гувернерот Гејвин Њусом рече дека вонредната состојба, што важи до недела, треба „да го намали товарот врз енергетската инфраструктура и да го зголеми енергетскиот капацитет“.