Каракачанов: Македонците си ја претставуваат ЕУ како да е Југославија или Советскиот сојуз во кој ќе влезат со старата коминтерновско-југословенска политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичарите во Скопје сметаат дека ќе можат со старата коминтерновско-југословенска политика да влезат во ЕУ и потоа, од позицијата во ЕУ, да ни ги наложуваат своите норми. Тоа никако не може да го дозволиме – изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за БНT

Каракачанов истакна и дека македонската страна прави грешка и погрешно гледа на Европската унија.

Нивната претстава за Европската унија е доста упростена. Тие си ја претставуваат ЕУ како да е Советскиот сојуз или како Југославија, во која некакви си таму сојузни држави се караат, а на крајот ќе отидат или во Белград кај другарот Тито или во Советскиот сојуз кај другарот Брежњев и Генералниот секретар ги решава проблемите. Не, не, Европската унија не е Советски сојуз. Тука секоја држава, може да е помала или поголема, е рамноправна – порача Каракачанов во интервјуто, во контекст на евентуалните надежи од македонска страна дека некој ќе изврши притисок врз Бугарија за да ја одблокира интеграцијата на земјава во Унијатa

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This