April 25, 2024, 12:45 am

КАРАМБОЛ КАЈ КЛУЧКАТА ВО ХИПОДРОМ: Десет возила се судрила утринава кај клучката на излезот од Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно десет возила учествувале во сообраќајката која се случи утринава во близина на клучката Хиподром на излезот од Скопје, велат од МВР за „Фокус“. Во рок од дваесет минути, помеѓу 7.20 и 7.40 часот, се случиле пет судири. Повредени се четири лица, но нема потешко повредени.

Како што информираат од полицијата најпрво патничко моторно возило марка пежо се судрило со камион мерцедес. Потоа тојота се судрила со товарно возило, по што автомобил марка опел астра се излизгал и превртел на кров. Следел судир на шкода со автобус марка мерцедес, па сеат удрил во друг автобус, исто така марка мерцедес. На крај автомобил марка рено удрил во метална ограда.

Три лица од повредените биле префрлени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а една жена била префрлена во ургентното одделение во клинички ценетар. Никој од нив не е во животозагрозувачка состојба. Повредените се на возраст помеѓу 39 и 62 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This