КАСАМ СУЛЕЈМАНИ ПЛАНИРАЛ АТЕНТАТИ ВО АМЕРИКА: ФБИ и ДЕА го следеле иранскиот генерал кој договарал атентати со Мексикански нарко картел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во мај 2011. година, тајни разговори помеѓу нарко картелот „Лос Зетас“ и претставник на Кудските сили започнале тајни преговори за терористички напади на американско тло, откриваат американските медиуми повикуваќји се на извори во безбедносните служби на САД

Според „Брајтбарт“, разговорите кои започнале во мај 2011 година помеѓу иранските Кудски сили и нарко картелот „Лос Зетас“ се однесувале на планирање на терористички напад во ресторан во Вашингтон каде често претстојувал Саудискиот амбасадор Адел ал-Џубеир. Кудскиот оперативец Мансур Арбабсиар бил човекот кој во име на иранските сили преговарал со претставник на „Лос Зетас“.

Во период од неколку месеци и редовни тајни средби, била договорена уште една терористичка активност, овој пат врз Израелската амбасада во Вашингтон, плус Саудиската и Израелската амбасада во Аргентина. За возврат биле договорени нови рути за шверц на опиум од Средниот Исток до Мексико.

За целото ова време, средбите биле под надзор на американската ДЕА (Безбедносна агенција за борба со дрога), кои во соработка со ФБИ успеале да ги документираат средбите и плановите.

Во октомври 2011 година, претставникот на Иранските сили Арбабсиар бил уапсен од федерални агенти на ФБИ на американско тло.

Лидерот на иранските сили, генералот Хасан Сулејмани вчера беше ликвидиран во воздушен напад во Ирак, напад за кој денес Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека бил хирушки прецизен и бил во насока на спречување на отворена војна.

Според Трамп, Сулејмани бил најопасниот терорист на планетата кој имал планови за напади и елиминација на бројни американски мети.

Убиството на Сулејмани е протолкувано како акт на војна во Иран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This