КАФЕАНИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ СЕ ОТВОРААТ: Граѓаните од утре ќе можат да го пијат утринското кафе во нивните барови и ресторани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре граѓаните ќе можат да го пијат утринското кафе во нивните омилени барови и ресторани, но не во исти околности како пред пандемијата. По два месеца од кога беа затворени, сопствениците на баровите и рестораните ќе можат да ги чекаат првите посетители кои ќе можат да ги служат до 22 часот.

Дел од граѓаните со нетрпение чекаат да пијат кафе или да ручаат со своите пријатели и роднини, но нема да можат да се сретнат сите одеднаш, затоа што нема да биде дозволено на една маса да седат повеќе од 4 лица.

Тие што ќе седат на иста маса не мора да се членови на исто семејство. Сопствениците што ги сретнавме денес беа среќни дека ќе започнат со работа, но беа незадоволни за дел од протоколот, посебно во делот со кој се предвидува за една маса да има простор од 9,6м2.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека институциите ќе вршат максимален надзор дали се почитуваат мерките споменати во протоколот.

„Секако ќе следиме колку ќе се почитуваат препораките и протоколите според кои треба да работат и кои се усвоени на вчерашната седница на Владата. Секако, доколку се почитуваат, ќе се отворат и оние со затворени простории“, рече Бектеши.

Од Здружението на Стопански комори велат дека сè уште чекаат да им биде доставена последната верзија на протоколот, а потоа и официјално ќе излезат со својот став.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This