КИНА ПРЕВЗЕМА ЧЕКОР: Како партнер на Русија, Кина ќе предизвикува проблеми на САД во Пацификот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По ракетниот напад лансиран од САД и сојузниците против Сирија, по се изгледа дека официјален Пекинг прави чекор покажувајќи сила во Пацификот, известуваат светските медиуми

Една од најголемите цели на Кинеските поморски вежби кои се закажани да се одржат во Тајванскиот теснец, е покажување на поддршка на Русија во последниот конфликт кој САД го предизвика во Сирија, пренесува кинескиот весник „Морнинг Пост“ цитирајќи извор близок до партијата.

„Предупредувањето од воени напади кои ги испрати претседателот на САД Доналд Трамп врз Сириски цели беше изненадвуање за Пекинг и Москва. Како стратешки партнер на Русија, Пекинг се обидува да предизвика добро контролиран проблем за САД, со вежбата во Тајванскиот теснец со што најголем бенефит би имале Русија и Кина“, вели изворот за кинескиот весник.

„Чајна милитери“, весник поврзан со Народната ослободителна армија на Кина, пренесе дека 48 воени бродови, 76 авиони и повеќе од 10.000 морнари ќе учествуваат на масовните вежби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This