March 29, 2024, 10:37 am

КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДО БРИТАНСКАТА ПРЕМИЕРКА: Кси Џинпинг преку телефон и порачал на Тереза Меј дека не одобрува воена интервенција во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Кси Џинпинг во телефонскиот разговор со британската премиерка Тереза Меј истакнал дека Кина не ја одобрува употребата на воена сила во меѓународните односи. Кинескиот лидер го истакнал ова говорејќи за ситуацијата во Сирија, објави кинеската агенција Синхуа.

“Кинеската страна внимателно ја следи ситуацијата во Сирија. Ние никогаш не сме одобриле употребата на воена сила во меѓународните односи, ние стоиме зад суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја држава “, вели Кси Ксинпинг.

Тој рече дека во овој момент потребно е да се намали тензијата што е можно поскоро и да не се дозволи излегување од контрола на конфликтот.

Кинескиот претседател, исто така, разговараше со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој , како што пренесува Синхуа, повикал да се дејствува во рамките на меѓународното право и да се почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на другите држави.
“Лидерите на двете земји разменија мислења за ситуацијата во Сирија. Џипинг ја истакна принципиелната позиција на Кина во врска со сириското прашање. Тој истакна дека сите страни се должни да постапуваат во рамките на меѓународното право, да бидат водени од одредбите и принципите на Повелбата на Обединетите нации да го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на секоја земја “, објави агенцијата во соопштението.

Ердоган пренесува Синхуа, рече дека турската страна ја цени улогата на Кина во политичко решение на кризата во Сирија и изрази подготвеност за зајакнување на контактите и координација со кинеската страна во овој поглед.

На 14 април, САД, Велика Британија и Франција започнаа ракетни напади врз сириските административни капацитети, кои според нив се користеле за производство на хемиско оружје.

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече овие напади чин на агресија против суверената држава. Ниту руски воени експерти ниту локални жители не потврдија дека имало хемиски напад во Думата, што служеше како изговор за нападите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This