КОИ ВРСТИ НА СПОНЗОРУШИ ПОСТОЈАТ: Неколку врсти на женски и машки спонзоруши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еве неколку типа на СКОПСКИ ФРАЕРИ и СКОПСКИ ДЕВОЈКИ кои се деноноќно неподносливи.

Машка спонзоруша

Опасна група мажи магнет за татините миленички. Ќе си начекаат размазена девојка со многу пари, бесна кола…по некое време нормално почнува да позајмува пари,кола како да е се негово ….бидејќи сето ова е од “љубов“.

Набилдани мангупи

Напукани со стероиди, кои резервирале сепаре, нарачале виски и собрале неколку девојки, кои пак, искочиле со цел да налетаат токму на нив. Совршена комбинација.

Синче на мама и тато

Момци кои си живеат со своите родители бидејќи не можат да се мачат за 300 евра. Тие имаат завршено факултет, но подобро е да си седат дома и да си чекаат од маме и тате отколку да се мачат.

Вечни ергени

Овие момци имаат богато портфолио, бурно минато и се авантуристи во душа. Имаат стандард муабет кој им е проверен и веруваат дека можат да ја освојат која девојка и да посакаат.

Дечко во сериозна врска

Иако има серизна врска и е во голема љубов со својата девојка тоа не му пречи да брка малолетни девојки.На никој не му е јасно како функционираат.

Додека кај девојките постојат два типа кои “бркаат” само богати момци, дедовци и како најбитната работа на светот им е да не им се скршат гел ноктите или да носат “марка” облека, купена со “нечии” пари.

Евтина копија од некој бренд

Газот и градите во преден план, кармин ставен на усната во облик на буквата О. Носат евтина копија од некој бренд. Се смеат со затворена уста. Исклучиво седат во познати кафулиња со познати градски фаци.Вечерта ја поминуваат седејќи со една пијачка во рака чекајќи некој да им пријде за да ги почести и одвезе до дома со својот бесен автомобил.

Девојки кои ловат лесен плен

Опасна група на девојки кои ловат лесен плен, што ќе го омажат и ќе му се уселат пред да каже „ДА“. Обично ова се девојки кои навистина се жедни по многу пари и нарушени семејни вредности или натурализирани скопјани со надеж за подобар живот. Овој тип на девојки ако начекаат добра прилика итро ја започнуваат играта, пополека влагаат во животот на дечките манипулирајќи ги со својот изглед во кој тие вложуваат. За почеток се прават елита и јадат по сакпи ресторани.

“Спонзоруши” има насекаде, ги имало и ќе ги има. Некого го натерала маката, а некого бесот и бессмисленоста на сопственото постоење. За некого макотрпна е и оваа работа, треба да се тактизира, да се биде добра љубовница и фина девојка истовремено. Очигледно за да се стане спозноруша треба да поминете низ еден тежок цел процес.

 

(Skopjeinfo.mk)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This