Колекционер ја врати чудотоворната икона во црквата во Битола:Око не можел да склопи откако ја донесол дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чудотворна икона посветена на Мајка Богородица на смрт преплаши еден колекционер од Белград. Дури кога ја вратил на сопственикот, црквата Пресвета Богородица во Битола, почнал мирно да спие.

cudotvorna-ikona-printskin-youtube-kanal-5-tv-620x350-115216

Митрополитот преспанско – пелагониски и администратор австралиски и новозеландски на МПЦ, владиката Петар за новинарите изјави дека навистина се работи за чудотворна икона зошто само чудо ја вратило од Белград.

Иконата посветена на Мајката Божја од 1748 година која спроед мотивите се нарекува „Достојно ест“, првпат е насликана во светогорските манастири.

Таквата икона пред неколку децении е украдена од црквата во Битола, откако по разни шверцерски патишта и криминалистички канали завршила кај колекционер на икони во Белград.

Откако ја набавил, тој повеќе немал мирен сон. Иконата на Мајката Божја често му се јавувала на сон и го молела да ја врати од онаму од каде е украдена.

Printskrin: Youtube/Falanga MacedoniaКолекционерот повеќе не можел да ги изрджи тие мачни кошмнари па стапил во контакт со владиката Петар и му понудил да ја врати иконата, но под еден услов, да не го пријавува во полиција.

-Му ветив, и по цена на животот да не го пријавувам во полиција само да ја врати иконата и таа е вратена. И други чуда подоцна се случуваа, а и сега се случуваат, но за нив нема да говориме, можеби во наредните години, рече владиката Петар.

По реставрацијата, таа сега, воочи големиот христијански празник Велигден, е изложена во црковниот храм Пресвета Богородица во Битола, а за чудата, рече владиката Петар, уште долго ќе сведочи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This