КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Короната ја порази глобализацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Koвид-19 без сомневање покажа многу недостатоци во функционирањето на глобализацијата во светот. Ковид 19 покажа дека без сомнеж, ниту меѓународните организации а и локалните кои се водат под нивна директива не беа и не се подготвени за непосреден и ефикасен одговор во соочувањето со глобалната пандемија. Лош пример на предизвикот и глобализацијата. И покрај се, се уште нема медицински одговор за причината, појавата, и бројни прашања кои се без одговор.

Иако вирусот се појави од декември 2019, глобалните политики и организации успеаа само да го потврдат потеклото или градот од каде се рашири вирусот, Вухан, и ништо повеќе. Дури во февруари вирусот го доби и името Ковид 19, кога вирусот тргна во полн ек и се рашири низ светот.
Од вирус во Кина прерасна во светска пандемија.

Владите и светските организации го деочекаа неподготвени Ковид 19, намерно или не , игра или заговр допрва ќе се истражува и докажува. СЗО и сите меѓународни организации па и ЕУ, многу споро реагираа на епидемијата.

СЗО задоцни значително , не успеа да ја убеди Кина да биде транспарентна и кооперативна , за да с еолеснат севкупните испитувања во првите денови на епидемијата. Хаосот на СЗО ккако глобална организација не дозволуваше поединечен однос на земјите по однос на заштита и справување, безз нејзини упатства и насоки. СЗО направи голем апсурд уште на самиот почеток. Кина не соработува ,Кина задоцни со сваќањето ан сериозноста на епидемијата, не одговараше на позивите на медицинскиот персонал и луѓето во Вухан, не соработува со СЗО , не кажува ништо за епидемијата ,а СЗО и даде признание за ефикасност и брз одговор на епидемијата на Пекинг, што никако не одговара со вистината.

Без оглед на здравствениот аспект, Короната ја поставува глобалната економија и глобализацијата пред еден голем тест и предизвик, и конечно покажување на штетата од глобализмот -посебно глобалната економија која со Короната ќе биде глобална економска криза. Првиот и вистински показател на последиците од глобализацијата и глобалната економија е забрзаниот пад на светската цена на нафтата. Големиот пад на светската берза.

До крајот на Февруари глобалистите, политичари и поддржуавачи на глобализацијата веруваа и убедуваа дека вирусот Корона ќе има ограничено влијание на глобалната економија и дека негативно последици може да се очекуваат негативни последици само на кинеската економија. Апсолутна грешка и анализа.
Уште е релативно рано а последиците од глобализацијата, само со една пандемија с е покажа вистинското лице и ненадоместливата штета на глобализацијата. Трговските врски на глобално ниво кои беа воспоставени не функционираа, како и протокот на стока, зависноста од услугите меѓу земјите и хаосот кој е последица од глобализацијата и губењето на поединецот, единката и кај луѓето и кај земјите во светот.

Посебно економска криза ќе се почувствува во воспоставената зависност како резултат на глобализацијата , на земјите членки на ЕУ. Затварањето на границите , е најголемиот удар затоа што сите земји членки на ЕУ се зависни од глобалната политика, економија, институализација на нниво на ЕУ, сите се имаат стопено во ЕУ без суверена економија, политика, развој, култура. На пр. автомобилскиот сектор. Сите земји кои предходно имале комплетна независност и сопствено производство од делови до краен производ , со глобалната политика тој производ е поделен, една земја произведува делови, друга склопува , трета продава готов производ. Сега со пандемијата и затворањето на границите, се стопира цела една гранка. Или производството на мобилни телефони, каде различни компоненти се произведуваат во различни делови од светот.

На површина излезе глобализацијата односно глобалната зависност на светот од Кина и поразот на европската
Само еден пример во времето пред глобализацијата. Почетокот на деведесетите години кога општеството и државите беа суверени, времето кога немаше глобализација, многу лесно , ќе се надминеше состојбата од економски аспект, доколку постоеше, ваква некоја пандемија како Короната. Зошто? Затоа што тогаш индустриите на евроспките земји помалку или повеќе беа зависни од производствениот ланец внатре во земјите.
Политиката на отворени граници како производ на глобализацијата, за еден миг застана. Авионскиот, водниот и патниот сообраќај скоро застанаа. Транспортот отежна а со тоа и трговската размена и зависност се отежнати или невозможни, тоа доведува до намалување на стоките и поголема цена. Стравот од епидемијата на глобално ниво и неизвесноста на зависност ќе доведе до остри политики на штедење кај населението и предизвикување на сериозна политичка нестабилност и нова економска криза.

Пандемијата покажа и докажа дека глобализацијата го направи светот “мало село“.

Некои земји во ЕУ се затворија , земји кои успеале на некој начин да се развиваат независно од глобалните заедничките политики и економии на ЕУ. Им свртија грб на другите земји од тоа големо Европско семејство. СЕ затворија и ги прекинаа сите меѓусебни интеракции без да имаат грижа или интерес за другите членови од толку посакуваното “семјство“. Ниту помош, ниту интерес кон земјите членки на ЕУ, погодени од коронавирусот. За разлика од нив Кина испрати медицински тимови стручни, како и материјали во Италија, Шпанија, за да им помогне на овие две земји кои беа најмногу погодени со вирусот Ковид 19 во Европа. Евроспката солидарност на глобализираната Европа падна на големиот испит.

Глобализацијата си го покажа вистинското лице на светско ниво. Затоа оправдано, многу тековни размислувања во тој поглед или кон глобализацијата нема да бидат исти. Светот ја изгуби способноста да реагира на глобалните економски , општествени, еколошки и медицински предизвици.
Кризата од Ковид 19 ја покажа слабоста на ЕУ и нејзините институции.Очекувањата од ЕУ беа големи на сите земји членки. Среќа во несреча, што земјите членки водеа своја политика, затоа што јавното здравство сеуште остана на национално ниво и с епокажа дека секоја засебо успеа колку толку да се справи со предизвикот зависно од степенот на развој на соптвената здравствена политика. Потврда дека глобализираното здравство не се справи а сувереното исплива пред евроското или ЕУ здтравството.

Челниците на ЕУ, посебно Претседателот на Европскиот Парламент, Претседателката на Европската комисија, покажаа одсуство на било какво лидерство во клучниот период за ЕУ, кога требаше да се справи со невидливиот непријател Коронавирусот -Ковид 19. Актуелниот претседавач со ЕУ претседателот на Владата на Хрватска Андреј Пленковиќ во најтешкиот период со кој се соочуваше ЕУ се занимаваше со внатрепартиските избори на неговата партија ХДЗ, додека стотици граѓани на ЕУ дневно, посебно во Италија, умираа од Ковид 19. Тоа е духот и односите во ЕУ и нивните членки кон кои упорни коленичиме да влеземе, променувајќи соствен идентитет име, јазик…Откажаа кризните механизми во ЕУ, се наруши и внатрешниот пазар.
Сите празнини , однсно отсутност на дејствување на ЕУ , ги пополни Кина. Таа понуди и даде помош и на Италија и на Шпанија, како и на државите на Западен Балкан. Кина ја понижи ЕУ во сопствениот двор. ЕУ покажа дека е бајка на хартија.

Постоечката Корона криза покажа дека ЕУ и повеќето нејзини членки наместо со солидарност и помош со актуелната Корона криза , повеќе се занимаваат со тоа како да ги докомлицираат преговарачките процеси и нивно одуговлекување или не почнување на преговорите за членство во ЕУ , на земјите кандидати за членство во ЕУ . Пред два месеца главна тема беше ставот на Макрон и блокадата за почеток на пристапните преговори за Македонија и Албанија, а сега никој за тоа не зборува. . И така ќе се изгуби уште една година …А во меѓувреме Кина цврсто влегува на Балканот.

Стравот од Корона вирусот кај населението се користи за спасување на глобализацијата , во насока дека само со заеднички напори може да се надмине оваа криза. Последните препелкања за спас на глобализацијата испливаа на површина. Почнува тивката војна на глобализмот и антиглобализмот. Короната го означи почетокот на падот на глобализацијата на светот и на човештвото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This