КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Весела калинка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

stevco_naslovnaДенес човекот кој во моментов е лидер на нашата опозиција Зоран Заев од Валандово даде една понуда до граѓаните. Додуша, оваа понуда не ја дава прв пат. Таа е нешто веќе чуено. Само што овој пат, понудата за граѓаните е поголема. Тој нуди да враќа пари од ДДВ-то. На секоја сметка што ја плаќаме има 18% ДДВ, а неговата понуда е дека ќе им враќал на крајот на годината 15%. Глупост невидена.

Еве зошто:

Данокот на додадена вредност заедно со царините и акцизите спаѓаат во групата на таканаречени индиректни даноци. Додека пак, данокот на добивка и персоналниот данок се во групата на директни даноци. Во структурата на полнење на буџетот најмногу учествуваат индиректните даноци, и во рамките на нив најиздашен е ДДВ-то (Данок на додадена вредност).

Ако од 18% ДДВ на граѓантие се вратат 15% има ли претстава веселиот математичар од Струмица колку е тоа многу пари и како ќе ја покрие таа огромна буџетска дупка која ќе изнесува неколку стотици милиони евра. Како мисли тој? Веројатно Роле ќе му ја плаќа војската, полицијата, учителите, професорите, државната администрација, а во рамките на тоа и специјалната обвинителка односно, неговиот шеф на штаб другарка му Катица Јанева.

Па белким има некој поасален економист во СДСМ кој може да му направи пресметка колку пари чини неговата екскурзија на мозокот, и дали е тоа воопшто возможно. Мислам дека во СДСМ сеуште е професорот Драган Тевдовски или пак едноставно нека ги земат приходите во буџетот, нека видат колку приход е ДДВ-то и од него нека одземат 70% од вкупната вреност па ќе видат што ќе добијат.

Наместо да ветува брда и долини, нека даде сопствен пример.

Најиздашен приход во општините е надоместокот за уредување на градежно земјиште или популарно наречените „комуналии“. Ова е трошок кој се плаќа при изградба на куќа, деловен простор или стамбена зграда. Не мора да го чекаме да доаѓа на власт, може да ни даде пример во Струмица. 70% од уплатените комуналии нека им ги враќа на граѓаните, па да видиме како ќе преживее струмичката администрација, ќе има ли пари за едно тротоарче, ќе може ли да смени една улична светилка итн.

Не е прв пат овој човек од Валандово да кажува смешни работи. До поднебјето ќе е. Изгеда сокот од калинка го удира во глава. Се сеќавате ли каде Заев изјави дека ќе брка од администрација, и дека ако треба живи луѓе ќе јаде. Па тоа беше во Валандово.

На странците им ја понуди државата. На Албанците им понуди двојазичност, потпретседател Албанец. Очекувам да тргува и со грбот и химната. На крајот имам впечаток дека овие луѓе ќе си ги понудат и сопствените жени само да дојдат на власт, ама бадијала ќе им биде. Никој не верува во тоа што го зборуваат. Неубедливи се.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This