March 29, 2024, 12:06 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Ем жаба голта, ем еж раѓа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако претседателот на нашата марионетска влада Зоран Заев ја посети Бугарија, и обелодени дека за договорот нема да се преговара туку ќе биде потпишан, само останале финеси кои ќе ги решеле на едно кафе со Бојко Борисов, се до денес ниту еден историчар, политичар, како и официјален претставник на владата на соседна Бугарија не даде изјава, барем малку неутрална, во интерес на двата народа и со чувство на почит.

Дали изјавите ги даваат ултранационалисти, или пак претставници на владата, забележливо беше дури и цинично потсмевање како и крајно некоректни изјави, кои му прават огромна штета на Зоран Заев. Со секоја од овие изјави буквално може да се гради пирамида, и не се знае која повеќе му носи штета на Зоран Заев. Тој сето тоа го трпи, и упорно оди со глава во ѕид.

Последно е интервјуто на заменик-претседателот на Бугарската влада и министер за реформи во правосудството и надворешната политика Екатерина Захариева, која јасно кажа дека во договорот не се спомнува ниту Македонски народ ниту Македонски јазик. Само погледнете и ја циничната насмевка каде што вели, „…тие тоа го сакаат, ама нема. Офертата е затворена…“

Можно ли е Зоран Заев да трпи вакви удари од оние со кои се договара и да не чувствуваат барем малку почит, кон историските жаби што ги голта? Што велеше Џинџиќ „…кад треба да прогуташ жабу, прво прогутај највечу…“. Човеков ем жаба голта, ем еж раѓа.

Ем се на пат да добијат историски договор за кој сонуваат 72 години, ем го понижуваат!

Зошто Заев би го трпел ова понижување? -Па веројатно затоа што, задникот му е даден под кирија.
Како што минатиот пат реков, можно ли е само 15 дена по неговото поставување од страна на Хојт Ји да отиде во Бугарија на „цмок-цмок“ и да каже дека вака тежок договор, веќе е договорена работа, ако претходно немал соработка со бугарските разузнавачки служби и ако не е заврбуван од нив?

Симптомите се класични. Тие што заврбувале и што во изминатите 2-3 години правеле услуги за Заев да дојде на власт, буквално се изживуваат со заврбуваниот. Како тргнале работите, дома ќе биде предавник, а во Бугарската јавност станува предмет на потсмев. Нѐ случајно ви велевме уште пред две години дека Западот сака во Македонија да постави марионетска влада, која ќе им ги заврши сите работи на штета на нас, Македонците.
Прво анулирање на јазикот, културниот идентитет, историјата, потоа трговија со името, па редефинирање на државата, па признавање на ПОА и Вранишковски, и на крајот 50.000-тина бегалци во Демир Капија и Скопје со што ќе се промени и етничката карта во Македонија.

Епа, чорба Македонци!

40 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This