КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Кој бомбардирал, тој да си ги земе бегалците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опаа! Работите една по една почнаа да излегуваат на виделина. Денес комесарот на ЕУ за миграции Димитрис Аврамопулос кажа дека наводно сеуште не е разговарано со нова, внимавајте добро „онаа реформската“ влада на Р.Македонија за сместување и подолг престој на над 100.000 бегалци од Блискиот Исток.

Абе, како тоа вие го замислувате?
Со сила ни го бутнавте шпиончево за премиер, и сега уште ќе ни населувате „од Божју матер“ бегалци. Епа толкави слепци, не сме. Овој пат ќе се дигнеме и тоа како! Нашата порака е јасна, кој го брцал носот на Блискиот Исток, фрлал бомби, убивал деца и жени, кој го правел зулумот тој да си ги земе бегалците.

Многу лесно западните влади и нивните парламенти одлучуваат некого да бомбардираат, многу лесно бесат, линчуваат претседатели на држави, наводно соборуваат режими и сето тоа во името на демократијата.

Таму се лее крв до колена. Главна во овој зулум е САД. Ама тие, бидејќи се преку Атлантикот бегалци немаат. Бегалците им доаѓаат на овие политичари од Европа, од овие од кои бараме памет.

Колку се европските политичари паметни, ќе ви кажам низ неколку бројки:
Нели по иницијатива на Америка се воведоа санкции на Русија. Пред санцкиите, ЕУ имаше извоз во Русија преку 650 милијарди евра, а сега тој извоз падна на 200 милијарди.

Пред воведувањето на санкциите, Америка имаше извоз околу 30 милијарди долари, а по санкциите има 75 милијарди. Кој е овде луд, а кој е збунет?
– Европа е и луда и збунета.

Да беше Европа стратешки добро подготвена, немаше да и се случи на нејзино тло Првата светска војна, немаше да го изнедри фашизмот, немаше да ја предизвика Втората светска војна, и немаше да дозволи крвав распад во Југославија. И оттогаш па наваму никако не може да го стабилизира Балканот. И уште ќе врие.

На овој вриеж само ни фалеа уште тие 100.000 бегалци од Блискиот исток.

Америка како најмоќна земја на светот има најмногу цивилни и воени авиони. Цивилните се викаат „Боинг“, а воените се викаат „Херкулес“. Може да си ги запалат и 100.000 бегалци да си ги однесат во Америка.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This