КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Мистер „мр,мр,“ си оди дома!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска имаме интересен ден. Претседателот на Собранието на Р.Македонија Талат Џафери, е во посета на Црна Гора. Таму даде епохална изјава „…со Црна Гора немаме спорни прашања…“. Денеска имаме интересен ден. Претседателот на Собранието на Р.Македонија Талат Џафери, е во посета на Црна Гора. Таму даде епохална изјава „…со Црна Гора немаме спорни прашања…“.
1. Хахаха, па немаме спорни прашања затоа што не сме соседи. 2. Претседателот на Србија Александар Вучиќ отиде во Брисел да се сретне со Могерини, за да ја праша кога мислат да ги примат Србите во ЕУ. Прав политичар – државник. Нема криенки, сака да знае кога неговата земја ќе биде примена во ЕУ. И како што вели, немаме намера да „лутаме како гуски во магла“.
Човекот чесно си прашува за да си знае: бива-бива, небива-небива. Со сила убавина нема. Ако нема убавина тогаш Вучиќ веројатно размислува да си нарача уште некој „МиГ“ од Русите, затоа што можеби ќе му треба. Тој е луциден политичар и добро знае дека кога Србите ќе ги исполнат сите услови за влез во ЕУ ќе ја доживеат слична судбина како Македонија. Нив ќе им кажат дека мора да го признаат Косово. Дури и најлибералниот политичар, кој денес зборува за признавање на Косово, кога ќе дојде тој да одлучува нема да биде подготвен да сноси таква историска одговорност, а поколенијата да го паметат како предавник.

3. Ние сега имаме Влада која „оди како гуска во магла“. Се залетаа кај Столтенберг за наводен брз прием во НАТО, а тој им кажа дека прво треба да се реши спорот со името. Во Атина доживеаа само културна насмевка и ништо повеќе. Денеска пристигна отрезнувањето. Метју Нимиц, Грците не го примаат. Си имале луѓето работа – зафатени биле. Па туристичка сезона им е. За разлика од нив на „Ребит енд компани“ им паѓаат пантолоните од восхит кога ќе им се најави некој странец. Ама гледаат дека странците не се семоќни.

 

Знае ли некој во изминатите 20 години колку пари овој човек заработи на нашето име? Колку што го гледам никако да остари, очигледно добро му влијае посредувањето со нашето име. Финансиски се разбира. Му се познава по ликот.  Многу ме интересира дали некој се сеќава на некоја изјава од г-дин Метју Нимиц?

Јас еве не паметам негова изјава. Ќе дојде кај нас, вообичаено изјавите му се „мр,мр,мр,мр“ ќе си каже нешто за носот, и ќе си замине. Што би рекле во приказните „и така сите си живееа среќно“. Тој со парите од Обединетите нации во џеб, ние се надеваме дека ќе ни помогне, а и Грците се среќни затоа што знаат дека Метју Нимиц не е Ричард Холбрук.

Ќе причекаме уште некое време, ќе пројде владиниот меден месец и главната причина зошто зајчето стана „америчка пудлица“ ќе исчезне. Тогаш повторно се враќаме назад, одлучуваме ние не Бејли, не Хојт Ји. На избори, се разбира!
Таму се ќе се преброи.
Укината ли е радиодифузна такса, има ли 18 месеци породилно, има ли најниска плата од 16.000 денари, а просечна од 500 евра, кој го вози новиот Мерцедес, сме ли членки на НАТО, сме ли членки на ЕУ, и сметката ќе се плати.
Секоја лага си има кратки нозе.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This