КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Пајак коалиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ха ха ха! Ако не умрам од болест ќе умрам од смеа и кловновското глупирање на министерот за внатрешни работи. Без тронка срам и перде ја донесе кутрата девојка која ем изела ќотек, ем ја резили пред цел свет. Каде бе го има тоа? Му текнало на некојси Беќо, затоа што направил сообраќаен прекршок, а жената си ја вршела службената должност, да и удри ќотек. Без тронка срам прават будали цела нација.

Ај што ја „исќофтал“, па отишла на лекар и згора на тоа истата мора да лаже дека само се удрила во пајакот. Па ако сама се удрила од пајакот за што тогаш барала засилување? За пцуење сигурно, не. Колку јас што се разбирам од гинекологија ниту една мајка не останала трудна од пцуење, и за тоа не се вика засилување.

Повикала засилување затоа што и била загрозена безбедноста и животот. Па потоа, ја натераа да се посипе со пепел и да каже дека сама се удрила. Дали воопшто некој во јавноста може да ми посочи некој пример, каде некој човек сам се удирил во камион, и за тоа уште да оди на лекар и да бара полициска асистенција?

Очигледно, квислиншката влада на чело со Заев, задникот им е дебело даден под кирија. Па нели претходната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ беше тендер коалиција? Оваа каква коалиција е? Очигледно, „пајак коалиција“. СДСМ и Зоран Заев се помалиот коалиционен партнер во владата на ДУИ. Тие веќе одамна навикнаа да ја забиваат главата во песок но ние останатите секако не, а поготово не народот. Овој гаф дебело ќе ги чини.

А, сега малку и за полицајката. Гледате ли кој ќе ни ја штити безбедноста. Кој не чува и кој ќе ни ја спроведува правната држава. Изела ќотек како магарица, и уште вели дека сама се удрила. Има ли цена достоинството? Може ли човек без достоинство да носи униформа на Македонската полиција?

И на крајот, во мислите ми навира оној вицот со Македонецот и кубурата. Кога го јавале, и на крај кога го прашале „За што ти служи кубурата?“, а тој одговорил „За не дај Боже“.

За што бре девојче го носиш тој пиштол на појасот?

Се слушаат гласини дека останало пасивно и големото засилување на МВР. А, Беќо им се силел и на нив. Инаку, тоа се истите оние полицајци кои се многу храбри и силни кога апсат пратеници, оперски пејачи, артисти, старци од 72 години.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This