April 26, 2024, 11:34 pm

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Јасно како ден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чудевме зошто генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг беше толку нервозен на прес конференцијата. Мафташе со рацете и отворено ни кажа „За“ на референдумот ќе бидете членки на НАТО, ако „Не“ тогаш нема. И тоа со остар, заканувачки тон. Човекот си имал мака. Трамп му ги истегнал ушите. Најмалку битна Македонија и најмалку се зборувало за Македонија, туку за крупните проблеми на НАТО. Оттаму беше нервозната и заканувачка прес-конференција на Столтенберг во која буквално кажа – ако сакате, сакате, ако не, нема што да се замараме со вас.

Но, работите станаа многу појасни особено за оние кои не лажеа дека кога ќе сме влезеле во НАТО не чекале торбите со пари. Не, другарчиња. Трамп кажа дека треба да даваме пари. Доста ве финансираше Америка. Тој направи споредба со Германија која не е сиромашна земја, а дава само 1.1% од БДП за НАТО, а Америка дава 4.4% и има многу поголем буџет од Германија. Во исто време, тој им рече – многу малку пари давате, а јас ве бранам. И што е уште пострашно преку економската соработка, особено енергетската, Германија милијарди евра (или како што вели „billions of dollars”) одат за Русија. Имајќи во предвид дека ние немаме сопствена авијација и дека како и Црна Гора нашето небо ќе го контролираат НАТО авиони, тоа значи 2% од БДП ќе си даваме како попчиња, плус уште толку за домашната одбрана.

2% од БДП е некаде околу 200 милиони евра. Можете ли да претпоставите каква армија ќе имаме ако секоја година купуваме оружје од по 200 милиони евра?

Ова јасно укажува дека од НАТО не се добиваат пари, туку се даваат пари. Особено што ние во Македонија ниту имаме развиена машинска или преработувачка индустрија, како и наменска индустрија која е по стандарди на НАТО која може да испорача опрема, оружје или стоки за потребите на НАТО. Одамна престана да работи „Сувенир Самоков“, „Еурокомпозит“ – Прилеп, како и делови од „МЗТ“ затоа што производите кои ги правеа не се по стандардите на НАТО. Јасно е дека нема што да понудиме. Се надевам дека и на НАТО нема да му ги нудиме пиперките и патлиџаните, а каде сѐ пак не ги нудиме. Ние немаме што друго да понудиме, затоа што глобализацијата целосно не поклопи и ни ги уништи сите наши фабрики. Сеуште се држат само „Скопска Пивара“, „Европа“, „Витаминка“, „Тиквеш“, „Алкалоид“ и ….? Кој друг? Толку е. Ако можеше и досега овие ќе имаа испораки за НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This