КОЛУМНА НА ТОДОР ПЕТРОВ: Има ли Македонци меѓу граѓаните во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од граѓаните на Македонија, ги заборавивме Македонците во Македонија! За Македонците во соседните држави и во светот воопшто и да не говориме. Со македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, со македонско-бугарската заедничка Декларација од 22 февруари 1999 година и македонско-бугарскиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка од 1 август 2017 година и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од Македонците во соседството!

Патем, сите по државјанство во Македонија се Македонци, независно од нивното етничко потекло!

Зарем е срам и грев да си Македонец во државата Македонија, ако е забрането во Бугарија и Грција, заедно?

И, замислете, првата изјава на премиерот Заев по локалните избори 2017 година беше, На овие локални избори го поразивме национализмот… ВМРО-ДПМНЕ треба да ги промени своите политики… Победата на локалните избори е потврда на владините политики… Прво, заради евро-атлантските интеграции, мораме да го промениме името… И ВМРО-ДПМНЕ остана глува, нема и слепа, наместо да одговори: Не постои анационална држава во светот! И, се’ додека постојат националните држави, ќе постојат и национализмите. Не е срам и грев да си националист, да ги сакаш семејството и татковината! Да си патриот за родината! Се разбира, осуда на шовинизмот, расизмот, апартхејдот, фашизмот и нацизмот!

Државата Македонија постои поради Македонците по потекло! Независно што во нацијата, поради еднаквост на сите пред Уставот и законите, се инкорпорираат и сите национални (пред се’, етнички) малцинства!

Ако во Македонија не ги почитуваме Македонците, етничките малцинства ќе ги почитуваме уште помалку. Тие околу нас, пак, сите заедно, нема да не почитуваат воопшто!

Да бидат нештата појасни: Граѓанин не е нов етнитет, туку правен однос меѓу поединецот и државата! Од обемот и квалитетот на правата и слободите зависи карактерот на државата, дали е таа повеќе или помалку демократска или недемократска.

Порано, во графата “националност“ на личните карти и пасошите пишуваше “Република Македонија / Republic of Macedonia“, со образложение, да не се навределе националните (пред се’, етничките) малцинства.

Денес, во биометриските лични карти и пасоши, на сите државјани на Македонија, во графата националност им пишува “Македонско/Macedonian“ и никој не се бунтува, ниту навредува.

Кога ќе ја напуштите државата Македонија, било каде во светот заради името на државата наведено во пасошот што го поседувате, ќе ве именувааат за Македонец, независно од етничкото потекло, за етничкото потекло никој и не ве прашува.

Кога се носеше Законот за државјанство на Република Македонија во 1992 година, независниот пратеник Тодор Петров предложи амандман според којшто, странец кој прима државјанство на Република Македонија да изјави дека ја прифаќа македонската националност, затоа што сите по државјанство во Македонија се Македонци. На западот “националност“ значи “државјанство“. Поради овој предлог, СДСМ и ПДП го обвинија на Тодор Петров за фашизам. На прашањето од ПДП што сме ние, Тодор Петров им одговори “Вие сте Македонци од албанско етничко потекло“! Пратеникот Мухамед Халили му ги турна микрофоните на парламентарната говорница… Кога Тито Петковски се кандидираше за претседател на Република Македонија, се врати на истото што и Тодор Петров го зборуваше отпочеток, дека по државјанство сите во Македонија се Македонци, независно од етничкото потекло! Само што зајакот одамна отидеа зад ридот… Денес, Талат Џафери реагира, дека тие не се ниту македонски Албанци, туку Албанци во Македонија! А за биометриските лични карти и пасоши, молк, нема реакција, бидејќи тоа се меѓународни стандарди. Е, тоа е, политичка мимикрија… Конвертити колку да сакаш во Македонија…

Затоа, почитувани Македонци, по потекло и државјанство, никогаш не заборавајте дека Македонија е држава на Македонците!

Со сите разлики меѓу нас Македонците, по потекло и државјанство, дома и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не’ има насекаде, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно!

Среќна Нова Година, почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, дома и во светот!

Македонија вечна, од исконот до бескрајот! Амин!

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This