April 17, 2024, 12:55 am

Комбе со мигрaнти прeдизвика тешка сообрaќајка во Струмица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комбе со кочански таблички, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигрaнти, денеска во 11:50 часот предизвика тешка сообраќајка на крстосницата на улиците „Младинска“ и „Браќа Минкови“ во Струмица. Повредени се три лица.

Тројца мигранти се донесени во болницата. Од нив, еден е со потешки, а двајцата со полесни повреди. Потешко повредениот се подготвува за влез во операциона сала, изјави за МИА, директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Според очевидци, комбето се движело со голема брзина и удрило во три возила, од кои две биле паркирани. По несреќата, дел од мигрантите побегнале од местото на сообраќајката.

Полицијата врши увид, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This