March 29, 2024, 11:08 am

„КОМИТИ“ ПОВИКАА НА ПРОТЕСТЕН МАРШ: Навивачката група „Комити“ утре ќе маршира од Автокоманда до МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навивачката група „Комити“ на својата официјална фејсбук страница објави повик до граѓаните да се приклучат на утрешниот протестен марш кој ќе се одржи во чест на загинатиот „Комита“ Никола Саздовски. Маршот ќе започне во 19.30 часот во Автокоманда, на местото каде што Саздовски беше нападнат, а ќе заврши пред МВР

 

„Понеделник 16.07. 2018, плоштадот во Автокоманда, во 19.30 часот започнува протестниот марш во чест на Никола Саздовски – Саздо. Ве повикуваме сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”.

Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат.

Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело.

ПРАВДА ЗА САЗДО !!!“ – стои во објавата на „Комити“ на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This