КОРЕКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ВЛАДАТА: Во уште една општина забрана за движење од четврток до понеделник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот.

Покрај овие општини, забраната се однесува и на општина Карбинци, каде што исто така се воведува полициски час од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Петок (5 јуни) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This