Коронавирусот мутира и станува сѐ поотпорен на мерките за заштита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот коронавирус мутирал од првичната нишка и сега се смета за позаразен, според научниците од Методистичката Болница во Хјустон.

Студијата, која се уште не е рецензирана но е објавена на „МедРиксв“, не пронајде посмртоносна мутација на вирусот. Сите вируси мутираат, но најчесто мутациите се незначителни.

Според авторот на студијата Џејмс Музер, САРС-КоВ-2 е релативно стабилен вриус, но поради широко распространетата трансмисија во САД, постојат неограничени можности за негова мутација во вирус со посмртоносни карактеристики.

За студијата, научниците успеале да секвенцираат гени од 5.085 нишки на корона вирусот во Хјустон, Тексас. Примероците се земени од првичните заразазувања, а потоа од секој „заразувачки бран“ следствено.

Научниците, пренесува „Нешнл Интерест“, го пронашле и протеинот заслужен за „зголемената трансмисија и инфективност“, а мутацијата е позната како Д614Г, која алтерира и која е одговорна за појавата на протеинот заслужен за изгледот на коронавирусот – круна.

Индивидуите кои ги носат овие мутирани нишки на вирусот, е докажано дека имаат поголем вирален капацитет во носната шуплина и во грлото, стои во истражувањето, пренесува „Нешнл Интерест“.

Дејвид Моренс, виролог во Националниот Институт за Алергија и Инфективни Болести, нотира дека податоците упатуваат на силна можност дека коронавирусот во меѓувреме станува попренослив, а ова може да предизвика и „имликации врз нашата можност да ја контролираме пандемијата“.

Моренс додава дека вирусот може потенцијално да мутира како одговор – преку различни мутации – на мерките за заштита на јавното здравје, како носење на заштитни маски и социјална дистанца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This