Кортни ја гaѓaше со шишe Ким, а таа ѝ се пушти да ја тeпa: Дpaма во peaлното шoу на семејството Кардашијан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крис Џенер (64) на фановите на реалното шоу „Keeping Up With Kardashians“ им открила дел од драмата која се случила во првата епизода од 18. сезона.

Таа на својот профил на Инстаграм објави кратко видео во кое се гледа ривалството помеѓу нејзините ќерки Ким и Кортни Кардашијан.

Во многу драматичниот клип, Ким и Кортни физички се пресметаа.

Кортни прво со шише ја гаѓаше својата сестра, а Ким поради тоа збесна и тргна да ја удри, обраќајќи и се со зборовите: Никоаш не ми приоѓај така“.

Во видеото не се гледа дали дошло до поголема физичка пресметка, но се гледа како се навалува Кортни за да го избегне ударот од Ким.

Некои фанови се изненадени од тоа што Кортни и понатаму учествува во реалното шоу, а со оглед на тоа дека таа на крајот на 17. сезона кажа дека е изморена и дека приоритет и се децата и дека сака да направи пауза од снимањата.

– Имам три деца кои ми се приоритет. Она што сакам да го кажам е дека стигнав до точка каде веќе не сум среќна. Сите ја имаме таа точка. Животот е краток. Не се врти се околу снимањето на ова шоу – рекла тогаш Кортни.

Како ќе се одвива оваа драма, ќе дознаеме на 26 март за кога Крис Џенер ја најави премиерата на првата епизода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This