КОСОВО ЈА РЕШАВА СУДБИНАТА НА МАКЕДОНИЈА: Предупредувањата дека Македонија поради Заев ќе стане ново Косово се остваруваат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По средбите во Тирана и платформата која им ја подготви албанскиот премиер Еди Рама, првите луѓе на ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, вчера беа на состанок во Приштина кај Хашим Тачи.tachi-fb-kusa

Исто како и во Тирана, и тука се разговарало за политичката состојба во Македонија и за потребата за платформа околу која би работеле партиите на етничките албанци од Македонија.

15825920_1325581197512236_1225909573698801043_n-520x324

Според тоа што е објавено на Фејсбук профилот на Тачи, оценето е дека Македонија треба да остане стабилна држава и дека тоа е во интерес на регионот.,

Колку и да се сака да се прати порака за намерата за стабилна Македонија, и собирот во Приштина како и тие неколку во Тирана, на кои постојано се разговара за заедничка платформа- за која веќе се знае дека поставува услови за отворање на уставот на Република Македонија, како и барања за промена на карактерот на државата, нејзините симболи, знаме и грб, како и промена на името во насока на барањата за брзи евроатлантски интеграции- не значат ништо друго туку отворено мешање во внатрешните работи на државата.

15822540_1325581134178909_2143755744827450113_n-520x349

Доколку и се смета дека е нормална и неопходна комуникацијата на политичките претставници на етничките Албанци од Македонија со политичарите и официјалните претставници во Тирана и Приштина, ваквите инсистирања на политички платформи во пресрет на преговори за формирање на следната влада во Република Македонија поинаку и не може да се оцени, освен како злоупотреба на кризата која во земјата ја создаде СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев, кој што ги врати радикалните идеи за големи држави во регионот.

Но, исто како и во Тирана, Заев повторно не е поканет да дискутира за добробитта на етничките Албанци во Македонија, иако самиот се декларираше како нивен најголем лидер.

Дали сега е секому јасно што направија СДСМ и Заев, колку проблеми отворија само заради своите партиски и финансиски интереси.

Отворија процес на уривање на Македонија за да добијат 60.000 албански гласови, отворија процес по кој за Македонија не одлучуваат македонските граѓани туку алабанскиот премиер Рама кој во Тирана ги собра албанските партии од Македонија за да им издиктира каква Македонија тој сака, а каква ние мораме да прифатиме бидејќи Заев и СДСМ тоа го понудија. Сега СДСМ и албанските партии се тркаат да покажат кој е поголем Албанец.

Претходно, Заев доби и пофални зборови од Косовскиот аналитичар и сопственик на телевизијата „Клан“ кој тврдеше дека Заев е спасот за Албанците во регионот, посебно во Македонија.

Албанските партии, за тие цели, сега потпишуваат заедничка платформа која е обрзувачка за сите нив. Во Платформата се наведени скоро 30 точки со рокови за нивно импементирање:

– Постигнување на целосна еднаквост во согласност со Охридскиот договор и Уставот.

– Строга примена на принципот на мултиетничност на Уставот на Република Македонија, каде Албанците се признаени како државотворен народ. Поддршка на секоја законска или уставна иницијатива со која се зајакнува етничката еднаквост на албанското население.

– Постигнување на целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта, и обезбедување на неговата употреба како основно и уставно право.
Во Уставот да стои „Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, албанскиот јазик и неговото писмо се службени јазици во Република Македонија“.

– Сеопфатна дебата за државното знаме, химната и грбот на Република Македонија, со цел државните симболи да ја одразуваат државната мултиетничност и етничката еднаквост.

– Усвојување на резолуција во Собранието, со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија со периодот 1912-1956.

– Постигнување на економска и социјална еднаквост, особено преку рамномерен регионален развој.

– Создавање нов механизам, во форма на државна комисија за финансирање на општините, заради поправедно одлучување при распределбата на владини грантови во корист на општините.

– Создавање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како тело одговорно за почитување на правата на заедниците и промовирање на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.

– Реализација на правичната застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавање и правда.

– Реализација на соодветна и правична застапеност на сите нивоа на централната власт како и јавните агенции или претпријатијата со државен капитал.
Зајакнување на владеењето на правото како предуслов за напредок во процесот на евро-атлантските интеграции.

– Спроведување на реформите во согласност со договорот во Скопје, препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пред-пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

– Поддршка на непристрасното работење на Специјалното обвинителство, без етнички и политички предрасуди.

– Целосно расветлување на случаите и судските процеси „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Куманово“, преку комисија за истрага или меѓународно независно тело.

– Негување на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичката стабилност на земјата.

– Преземање на афирмативни мерки, за да се обезбеди финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.

– Создавање на централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди обука за преведувачи, редактори и лектори.

– Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и начела на меѓународното право.

– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието, со која Владата на Република Македонија активно ќе се залага во насока на решавањето на спорот за името.

– Вклучување на Албанците во работната група за директни разговори со Грција.
Негување добрососедски односи.

– Вклучување на Албанците во работната група за директни разговори со Бугарија.

– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

– Отворање нови гранични премини.

– Брза интеграција во НАТО и Европската Унија.

– Исполнувањето на горенаведените точки ќе ги деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку создавање на Парламентарна тркалезна маса на албанските партии.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This